Преглед на богатите ресурси во Западен Балкан

Во август 2019 година, “The Balkan Forum” гостуваше во Албанија, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, со цел да пребарува области кои имаат значајно културно и природно наследство со туристички потенцијал, но сепак се помалку познати на регионално и меѓународно ниво. Нашата цел е да ги промовираме разновидните и богатите ресурси на регионот на Западен Балкан и да придонесеме за развој на позитивен имиџ и наратив со потенцирање на разни можности за локален развој, како и поттикнување на луѓето од регионот да ги истражуваат локалните ресурси и да инвестираат во нивните локалитети, да промовираат придобивки со прекугранична и меѓусекторска соработка во регионот.

Ова патување беше вистинска инспирација за нас, не само затоа што малку знаеме за нашиот регион, туку затоа што не сме свесни дека многу места во регионот кои се со богатото културно наследство и поседуваат ресурси и вредности, особено гостопримството и љубезните луѓе, тешко се наоѓаат на други места во светот. Во ова патување, се запознавме со лица кои по доста години живеење и работа во земјите како: Швајцарија, Западна Европа, САД и на други места во светот, се вратиле во регионот и започнале семејни бизниси.

На овие локации, кои се дел од богатствата што ги поседува нашиот регион, спроведовме над 20 интервјуа со локални производители и туристички оператори, и изготвивме важни перспективи од странски посетители - белгиски, холандски, германски и италијански. Тие ги фалат луѓето што живеат во овие области за големото гостопримство и ја опишуваат природата кога премногу ги импресионира. Турист од Белгија изјави: „Албанија, Косово и Црна Гора се многу блиску од нашата земја, сепак многу далеку од нашата реалност“, додека еден италијански турист што го сретнавме во Северна Македонија рече: „ Слично е  како во италијанските области, но сепак има разлика ".

Први места кои ги посетивме беа Превала и Ругова во Косово кои имаат импресивна флора и фауна, потоа природните убавини на Шар Планина со врвот Љубетен, Албанските Алпи, Кањонот Ругова, Дрина и Лумбарди. Таму се запознавме со харизматични лица кои поседуваат семејни бизниси како локални производители и туристички оператори. Тие нудат разновидна, вкусна, локално произведена органска храна, сместување и традиционални јадења за локалните и странските посетители.

Продолживме кон Вусање (Вутај), Даниловград и Тузи во Црна Гора. Тие се места што го одземаат здивот поради прекрасните пејзажи со езера, извори, реки, кањони и планини. Планинскиот туризам стана голем извор за вработување и локален развој. Производителите на земјоделски производи, растителни растенија и семиња ги снабдуваат локалните пазари, главниот град на земјата и градовите со познати плажи привлекуваат стотици илјади туристи секоја година.

Исто така, имавме фасцинантно патување во областите Белш, Булќиза и Пешкопи во Албанија. Одевме по заоблен планински пат, покрај кој има многу реки, езера, термални бањи, традиционални куќи наречени „кули“ и величествени погледи, кои го овозможуваат потенцијалот за локален развој на овие области . Прекрасното крајбрежје на Албанија секоја година привлекува стотици илјади посетители во текот на летната сезона. Сериозните инвестиции придонесоа до брзо развивање на планинскиот, еко, здравствен и авантуристички туризам, со кои брзо земјата се претвори во топ - туристичка дестинација за време на целата година.

Од селото Ростуше до градот Велес во Северна Македонија, бевме сведоци на неверојатното природно и културно наследство, така што научивме за иновативни идеи. Тоа е земјата каде ИТ секторот ги достигнува своите врвови.

Во Превала, локалните производители на мед, млечни производи, овошје, билки и медицински растенија, како и луѓето кои се бават со сточарство, водат семејни бизниси каде се вработени 5-20 лица, пред се нивните членови од семејството, но и луѓе од соседните села и градови. Некои од нив имаат долга традиција која се навраќа и до 200 години. Ова им помага да обезбедат пристоен живот, да ги вработат нивните членови од семејството и да генерираат приходи за образование на нивните деца и за развивање на нивните бизниси. Нивните природни и органски производи ги купуваат туристите, локалните жители, но и трговските компании на Косово и регионот.

Гостинските куќи се нова растечка индустрија во Косово и регионот. Семејството Ники во селото Хајле, кое е едно од најубавите делови на Долината Ругова, го започнале овој бизнис пред неколку години со една гостинска куќа, а со текот на времето ги проширија на пет, во кои работат сите членови на семејството. На туристите им се служи традиционално изработена локална храна и земјоделски производи одгледувани од домаќините, соседите и другите семејства кои живеат во селата на долината Ругова.

Во Вусање (Вутај), во областа Гусиње во Црна Гора, семејството Улај поседува гостилница која е речиси 200 години стара традиционална куќа, наречена „кула“, и таму секоја година се сместуваат стотици посетители од различни земји во светот. Таму се запознавме со семејство од Брисел што шеташе низ Албанија и Црна Гора. Тие ја опишаа областа како зачудувачки убава, со чисти реки, богата флора и фауна, чиста околина, оддалечена од бучава и големи загадувачи.

Во Даниловград, семејството Радоњиќ поседува плантажа за зеленчук и цвеќиња речиси 30 години. Продуктите кои ги произведува достигнуваат бројка од околу половина милион годишно, а нив ги купуваат локалните земјоделци, земјоделските аптеки во градовите на крајбрежјето и други компании во Црна Гора.

Семејството Камај во Тузи, секоја година произведува по десетици тони дињи, лубеници, компири, бибер, домати и пченка. Нив првенствено ги купуваат локалните пазари во Тузи и главниот град Подгорица, но исто така и компании како ланци на супермаркети низ Црна Гора.

Белш е мала општина во централна Албанија, која не беше многу позната и покрај своите прекрасни 84 природни езера. Набрзо таа се претвори во важна туристичка дестинација. Сериозните инвестиции на локалните власти во инфраструктурата и животната средина имаат за цел да го претворат Белш во задолжително место за посета на туристите.

Булќиза - општина во Албанија, е многу позната по рударството со хром. Таму се наоѓа најголемиот резерват на хром во Албанија, но е и еден од најголемите во Европа. Областа е позната и по старите традиционални куќи наречени „кула“. Една од нив, која е доста зачувана иако е над 200 години стара, е во сопственост на семејството Хупи. Таа е претворена во гостилница и привлекува се поголем број туристи од регионот и светот.

Пешкопи е град во округот Дибер на северо-источниот дел на Албанија. Тој е познат по термалните базени, кои ги посетуваат туристи од Албанија, Косово и Северна Македонија, но и од Црна Гора и Србија.

Водопадот Дуф се наоѓа во близина на селото Ростуше. Тој е неверојатен водопад кој се наоѓа во националниот парк Маврово, во северниот дел на Северна Македонија. Ростуше е мало место со богато природно и културно наследство. Тоа се наоѓа во непосредна близина на добро познатите бањи, и привлекува се поголем број локални и странски посетители.

Градот Велес е лоциран во централниот дел на Северна Македонија. Тој е познат како индустриски центар, а неодамна и како лидер во ИТ индустријата. Во Велес, лицето Димче Ацков, промовира стил на живеење преку давање на личен пример како нешто може да се направи со малку напор и минимални парични средства. Димче гради еко-село кое е наречено ,,Зелено блаженство”. Тоа е прилично уникатно нешто во Западен Балкан. Тој ги поканува луѓето да се здружуваат во напорите при градењето подобар свет за сите. Тоа да го направат на начин да ја заштитат животната средина при градењето на енергетски ефикасни земјени куќи, како и со користење на рециклиран материјал и живеејќи во склад со природата.





Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO