Првиот годишен балкански форум за регионална соработка се одржа од 7 до 9 февруари 2013 година во Солун, Грција. Форумот служеше како платформа за поврзување на повеќе засегнати страни и млади лидери и за собирање идеи и стратегии за да се решат клучните регионални предизвици и можности. Учесниците во инаугуративниот форум внесоа богата мешавина од искуство и експертиза. Иницијативата е посветена на поттикнување и помагање на растечката мрежа од поединци и организации што ќе соработуваат меѓу границите и секторите за да ги постигнат нивните заеднички цели за регионален развој и да развијат иновативни решенија за заеднички регионални проблеми.
ЧЕТВРТОК, 7 ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА
18:00 - 21:30 Прием и вечера
Воведни говори: Јанис Бутарис, Градоначалник на Солун
Дејвид Бургер, Заменик директор, Канцеларија за јужна и централна Европа, САД Стејт департмент
Јоргос Папандреу, Поранешен премиер на Грција
ПЕТОК, 8 ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА
9:00 – 9:10 Обраќање за добредојде Марика Терос, Координатор на Балкански форум Стефен Хаинц, Претседател, Фонд на браќата Рокфелер
9:10- 10:00 Осмислување на регионална соработка: Концепт, пристап и цели Јоргос Папандреу, Поранешен премиер на Грција
Утврдување дискусии: Можности и предизвици за Балканот како регион
Јан-Ерик Енестам, Генерален секретар на Скандинавскиот совет
Размислувања за скандинавската соработка:: Минати и сегашни
10:00-10:20 Пауза за кафе
10:20–12:00 Рамка и визија за регионален развој и просперитет
Кои рамки за соработка најдобро можат да ја поддржат трансформацијата на една визија на еден интегриран регион во ефективни регионални иницијативи? Целта на овој панел е да се дискутираат клучните можности, ограничувања и приоритети за создавање рамка за соработка и визија за регион кој промовира одржлив развој, колективен раст и вложување во соработката.
Модератор: Марк Фриман, Институт за интегрирани транзиции
Говорници:
Ашраф Гани, Институт за државна ефективност
Ќе зборуваат:
Шпенд Ахмети, Американски универзитет во Косово
Доријан Дуцка, Министерство за економија, трговија и енергија
Леонидас Маркис, Политички советник на градоначалникот на Солун
Јелена Милиќ, Центар за евро-атлански студии
12:00 – 12:30 Пауза за кафе
12:30 – 14:00 Иницијативи за регионална соработка
Кои поуки Форумот може да ги извлече од постојни или минати иницијативи и како ефективните пристапи можат да се приспособат за да се задоволат потребите на нашиот регион? Целта на овој панел е да се анализираат и дискутираат неколку примери за регионална соработка и развој и да се размисли за поуките што можат да му се дадат на Балканскиот форум како што тој од генерализирана визија се развива во конкретни планови за дејствување.
Модератор: Присила Левис, САД во светската иницијатива
Говорници: Дарко Бркан, Зашто не („Зошто да не“)
Џидон Брумберг, Пријатели на Земјата - Блискиот Исток
Тригиви Феликсон, Скандинавски совет
Горан Свилановиќ, Совет за регионална соработка
14:00-15:30 Ручек
15:45- 17:30 Сесии за паралелни работилници
Цели на работилниците: Да се дискутира моменталната ситуација во секоја проблематична област, да се утврдат постојните способности, средства и ограничувања, како и мерки што треба да се преземат за да се пополнат празнините и да се поттикнат регионални иницијативи; да се генерираат идеи за иницијативи за соработка и да се доловат првичните размислувања за можни рамки за соработка.
Шпенд Ахмети е главен истражувач на јавната политика во Косово. Тој има големо искуство во секторот за граѓанско општество во Косово. Во 2007, г. Ахмети го основал Институтот за напредни студии ГАП, со кој управувал три години. Институтот ГАП сега е еден од водечките аналитички центри во областа на добро управување и економија во Косово. Г. Ахмети многу години работел како економист за Светска банка, каде бил дел од менаџментот на Светска банка во Косово и учествувал во тимот кој го подготвил Јавниот увид на трошоци за Косово. Тој, исто така, работел како финансиски аналитичар за Европска банка за реконструкција и развој. Последните седум години, г. Ахмети предава јавна политика и меѓународна политичка економија на Американскиот универзитет во Косово. Од 2010 година, тој е активно вклучен во политиката како дел од движењето Ветевендосје. Г. Ахмети е дипломиран економист кој завршил на Американскиот универзитет во Бугарија и магистер по јавна политика од Школата за управување Кенеди при Универзитетот Харвард.
Миодраг Атанасиевски е претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија. Тој има дипломирано на одбрана на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Од 1981 до 1994 година, тој предавал по предметот одбрана во средни училишта во Скопје. Од 1991 до 1996 година, Атанасиевски бил член на извршниот одбор на Собранието на општина Центар и управувал со портфолиото за образование, одбрана и урбанизација. Од 1997 до 1998 година, тој бил директор на туристичката агенција ЛУНА, а од 1998 до 2001 година бил технички директор на регионалната единица „Забавен парк“ при ЈП Паркови и зеленило. Од 2002 година, тој е директор на Луна ДОО – Скопје. Во 1991 годија тој го основал Сојузот на реформски сили на Македонија, а од 1991 до 2000 година, бил претседател на Општинската организација – Центар. Од 1994 до 1997 година, бил активен член на Либералната партија, а од 1998 до 2000 година, бил активен член на Либералната демократска партија. Тој е основач и сопственик на туристичката агенција ТЕАБО – Скопје. Од 1992 до 1996 година, тој бил на функцијата претседател на одборот на директори на ОУ Ј. Х. Песталоци. Од 2007 година, тој е основач и претседател на одборот на Здружението на Македонци од Македонија и дијаспората. Од 2008 година до денес, тој е претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија. Учествувал во неколку национални и меѓународни проекти, како што се: „Заедно дома во Македонија“ поддржан од македонската влада во 2007 година и „Создади своја иднина“ поддржан од Агенцијата за млади и спорт во 2008 година.
Вил Братлет е виш научен соработник по политичка економија за Југоисточна Европа на Европскиот институт при Лондонската школа за економисти и политички науки. Тој има магистратура по економија од Универзитетот Кембриџ и магистратура на науки за економии во развој од Училиштето за ориентални и африкански студии при Универзитетот на Лондон. Докторирал на Универзитетот на Ливерпул на тема невработеност и миграција во поранешна Југославија. Предавал на Универзитетите Саутемптон, Бат и Бристол и бил научен соработник во Европскиот универзитетски институт во Франција. Од 2006 до 2008 година, бил на функцијата Претседател на Европското здружение за компаративни економски студии (EACES). Д-р Братлет бил во својство на консултант на Европската комисија, Европскиот парламент, Европската фондација за обука, ОЕЦД и други меѓународни организации. Неговото моментално истражување ги опфаќа пазарите на труд, стручното образование како и недостатоци во вештините во Југоисточна Европа.
Јелена Берковиќ е координатор за јавни комуникации во ГОНГ, непартиска граѓанска организација основана во Хрватска во 1997 година за охрабрување на граѓаните активно да учествуваат во политичките процеси. Од 1998 до 2010 година, г-ѓа Берковиќ работела како уредник и новинар на загрепското Радио 101 и, во слично својство, била вклучена во студентскиот весник РЕВОЛТ и културното списание Гордоган. Студирала новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб и е магистер на науки по глобална политика, магистрирајќи на Лондонската школа по економија и политички науки.
Јанис Бутарис е роден во Солун. Студирал на Универзитетот Аристотел во Солун, каде се стекнал со Диплома по хемија. Во 1967 година, тој примил Диплома по винарство од Институтот за вино во Атина Од 1969 до 1996 година, г. Бутарис бил на позицијата помошник-директор, технички директор и управен директор во семеен бизнис, J. Boutari & Son S.A., компанија која произведува, увезува и дистрибуира вина и алкохолни пијалаци. Во 1996 година, тој станал управен директор на Yannis Boutaris & Associates Ltd., консултантска компанија во секторот за вино, каде останал до 2010 година. Од 1998 до 2010 година, бил претседател на винарската визба KirYianni S.A., која се наоѓа во приватни лозови насади во Јанакохори и Аминдеон,а со која управувале неговите два сина. Г. Бутарис, 2002-2010, служел како Општински советник. Во локалните избори во 2006 година, тој бил кандидат за градоначалник, како лидер на „Иницијативата за Солун“ и добил 16% од гласовите. Во локалните избори одржани во ноември 2010 година, тој бил избран за градоначалник на Солун. Од 1980 година, бил на функцијата претседател и член на одборот на директори на голем број професионални, културни и еколошки организации, како што се Собрание на европски вински региони (AREV), Меѓународната академија за вино, Сојузот на грчки вина и индустрии за алкохолни пијалаци, Солунскиот филмски фестивал, В.В.Ф. Грција и Солунската туристичка организација. Исто така, е основач и на Македонскиот музеј за модерни уметности во Солун и Арктурос – непрофитна организација која се фокусира на заштита и управување со животната средина и дивиот свет. Тој добил многу награди и признанија, вклучувајќи ја наградата Произведувач на вино на годината 2003 од Здружението на грчки вински новинари и наградата Европски херој за 2003 година од списанието Тајм за неговата работа со Арктурос. Тој има два сина и една ќерка. Г. Бутарис е одличен познавач на англискиот и францускиот јазик.
Дарко Бркан е основач и претседател на Zašto ne (Зошто да не), невладина организација со седиште во Сараево кој промовира граѓански активизам, владина одговорност и користење на дигиталните медиуми и новите технологии за продлабочување на демократијата во Босна и Херцеговина. Понатаму, тој е и еден од основачите на Dosta! (Доста!), едно од најпроминентните граѓански движења во БиХ за социјална правда и владина одговорност. Главниот активист на граѓанското општество, г. Бркан, пред повеќе од десет години ја започнал неговата кариера во граѓанскиот активизам како координатор на Кампањата за приговор на совеста за воена служба во БиХ. Дипломирал на Факултетот за електротехника во Сараево на информатичка технологија и е кандидат за МБА во Школата за економија и бизнис во Сараево на отсекот за стратешко управување со информации. Г. Бркан бил демократски соработник во Риган – Фасцел во Националниот фонд за демократија, каде истражувал како информатичките технологии и онлајн алатките можат да се користат за да се унапреди демократијата. Добил неколку награди на полето на иновации и нова технологија, вклучувајќи ја и наградата за иновации Алумни на САД во 2011 година. Г. Бркан е член на одбор на американската асоцијација Алумни во БиХ, член на политичкиот совет на ACIPS и член на одборот за Екипа – фондација што промовира независна и социјално ангажирана култура. Од 2008 година, тој е член на Алумните на Академијата за политичка извонредност на Советот на Европа, а од 2010 година е член на Алумните на Летниот институт Флечер за Напредно проучување на ненасилен конфликт и на Алумните на Владата на САД по завршувањето на меѓународната лидерска програма (IVLP) во 2009 година.
Џидон Бромберг е израелски директор на EcoPeace / Пријатели на Земјата - Блискиот Исток. Пријатели на Земјата - Блискиот Исток е уникатна регионална организација што ги спојува на едно место еколозите од Јордан, Палестина и Израел за промовирање на одржлив развој и унапредување на мирот во проблематичните делови на Блискиот Исток. Организацијата има свои претставништва во Тел Авив, Витлеем и Аман. Г. Бромберг е соосновач на организацијата со назив EcoPeace, која е основана во 1994 година и оттогаш е нејзин директор за Израел. Во 1997 година, г. Бромберг го водел влегувањето во организацијата во меѓународната организација Пријатели на Земјата. Тој ги водел кампањите за застапување на организацијата и во Израел и на меѓународно ниво и ја развил програмата за мир на прекугранични заедници Good Water Neighbors која се смета како модел за други програми во конфликтни области. Во 2007 година, г. Бромберг бил поканет да се придружи на Меѓународната работна група за превентивна дипломатија на Институтот Ист-Вест. Во 2007 година, г. Бромберг дипломирал на глобално лидерство на Универзитетот Јејл, а во 2008 година списанието ТАЈМ му го доделило називот „Еколошки херој“. На почетокот на 2009 година, г. Бромберг и неговите колеги директори биле наградени со престижната награда за социјално претприемништво Скол, а во август 2009 година биле почесни гости на состанокот на организацијата „Старешини“ воден од поранешниот претседател на САД, Џими Картер. Во април 2010 година, г. Бромберг и тимот на Пријателите на Земјата – Блискиот Исток за нивната работа во еколошкото образование во Израел биле наградени со наградата Зелен глобус. Г. Бромберг е член на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство во Израел и меѓуминистерската комисија за одржлив развој во Израел. Г. Бромберг по професија е адвокат кој претходно работел во еколошкото право од јавен интерес и е член на израелската Адвокатска комора. Тој е дипломиран економист и правник со диплома стекната на Универзитетот Монаш во Австралија. Како соработник на Новиот израелски фонд тој завршил магистерски студии по меѓународно еколошко право на Американскиот универзитет во Вашингтон. Има објавено повеќе од триесет академски и популарни публикации за еколошката политика и проблемите со безбедноста на водата на Блискиот Исток.
Невен Будак, од 1980 година предавал средновековна историја на Универзитетот во Загреб. Тој е визитинг професор на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта. Д-р Будак има издадено неколку книги и над 60 статии во голем број земји. Од 1999 до 2012 година, тој бил на функцијата претседтел на хрватскиот Национален комитет за историски науки. Тој е член на Меѓународната комисија за историја на градови и на Проектот за заедничка историја (CDRSEE, Солун). Од јануари 2012 година, тој работел како специјален советник за наука на премиерот на хрватска.
Горан Булдиоски е директор на Фондот за аналитички центри при Фондацијата Отворено општество. Тој е искусен и придонесува кон демократската транзиција на Централна и Источна Европа. Неговата експертиза опфаќа стратегиско планирање и создавање капацитети за невладини организации и политички истражни центри; организација и управување со проекти во непрофитниот сектор и развој на демократска и партиципативна политичка промена во Источна и Централна Европа (ИЦЕ). Г. Булдиоски се стекнал со дипломи за јавна политика на Централно-европскиот универзитет во Унгарија и за организациско однесување на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Пред да се придружи кон Фондацијата Отворено општество, тој работел за Советот на Европа, македонскиот Центар за меѓународна соработка и Националниот младински совет на Македонија. Неговите статии и научни трудови што се однесуваат на тинк-тенкови, политички истражувања и демократска транзиција се појавиле во весниците European Voice, Sharp! Magazine, Turkish Policy Quarterly, LSE_UNDP Development and Transition Newsletter, International Journal for Not-for-Profit Law и Western Balkans Security Observer.
Дејвид Бургер е Заменик директор за јужни и централни европски прашања во Стејт Департментот; таа канцеларија е одговорна за односите на САД со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Во 1993 година, тој им се придружил на Странските служби со известувања од Пакистан, Вашингтон, Хелсинки, Анкара (каде ги покривал прашањата за Ирак и Турција), а од неодамна е политички и економски управник во Скопје, Македонија. Четири пати ја добил наградата за супериорна почест на Стејт Департментот. Летото во 2013 година, ќе ги преземе должностите на Заменик шеф на Мисијата во американската амбасада во Љубљана, Словенија.
Бетси Кемпбел е Заменик претседател за програми во Фондот на браќата Рокфелер која ги води активностите за програми и грантови на Фондот во САД и на меѓународно ниво. Нејзините обврски, исто така, вклучуваат и надзор на управувањето со грантови и комуникациските активности што ја поддржуваат целокупната мисија и целите на програмите на Фондот. Г-ѓа Кембел ја започнала својата кариера во организацијата Спасете ги децата и работела со програми за мали претпријатија и кредити во Латинска Америка и Африка. Во Фондацијата Форд работела 12 години како програмски службеник во програмата за Рурална сиромаштија и ресурси, како директор на програмата за Заедница и ресурси за развој и како постар директор и заменик претседател на програмата за Градење средства и развој на заедницата. Пред да му се придружи на ФБР во 2007 година, г-ѓа Кембел живеела и работела во Ла Паз, Боливија, каде обезбедувала консултантски услуги за нови фондации и разни еколошки организации и организации за развој на заедницата. Моментално е претседател на одборот на Winrock International и е член на одборите на Центарот за европски фондации и Центарот за рурални стратегии. Член е и на Советот за надворешни односи. Г-ѓа Кембел завршила магистерски студии по меѓународни односи на Универзитетот Џон Хопкинс, а дипломирала странски служби на Универзитетот на Џорџтаун.
Коста Карас е соосновач и член на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа и Здружението за демократија на Балканот. Во Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа тој има специјална одговорност за најраната иницијатива на Центарот, а тоа е Проектот за заедничка историја, која успешно ги споила научниците и образовните специјалисти од Словенија до Кипар. Од 1996 до крајот на 2001 година, г. Карас бил копретседател на Советодавниот совет на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (SECI), заедно со Рахми Коч. Неговата политичка активност датира назад во годините на опозиција на грчката диктатура и продолжила со основање на Пријатели на Кипар во Лондон во 1874 година во која тој останува активен член. Како иницијатор на договори меѓу грчките и турските бизнис заедници во 1985 година, тој, моментално, е грчки координатор на Грчко-турскиот форум. Г. Карас е роден во Лондон каде живеел до 1997 година. Од Колеџот Тринити, Оксфорд, тој има првокласни почести по античка грчка и латинска литература и по филозофија и античка историја. Исто така, пред да стекне долго и разновидно искуство во бизнисот, особено во испораката, заштитата, културните работи и религијата, тој студирал и економија на Школата Литауер за јавна администрација при Универзитетот Харвард.
Милан Чулиќ е роден во 1979 година во Република Србија и дипломирал на Универзитетот на Вестминстер во 2006 година во Лондон, Англија. Неговата магистерска тема ја добила наградата MPI Foundation Youth за најдобра тема во Европа во категоријата на конвенции и состаноци. Од страна на списанието Meetings Professionals, г. Чулиќ влегол во „Глобални 30 под 30“, како еден од 30 луѓе помлади од 30 години кои ја оформуваат и влијаат врз индустријата за глобални состаноци. Во 2008 година, како еден од 204-те почесни граѓани, г. Чулиќ добил пасош со специјален статус од српската влада. Моментално тој е претседател на Управниот одбор на Центарот за истражување и студирање туризам во кој тој се јавува како соосновач во 2008 година. Г. Чулиќ моментално е студент на докторски студии во Бизнис школата SKEMA во Софија Антиполис во Франција, каде од 2010 година работи и како визитинг предавач по маркетинг на настани.
Јелена Чурувија Ѓурица во 2000 година дипломирала на Драмскиот факултет во Нови Сад, Србија. Оттогаш, таа активно работи во театар во Белград, Нови Сад, Сомбор, Суботица и Вршач во Србија. Г-ѓа Чурувија Ѓурица има над 40 театарски премиери и неколку на телевизија и филм. Претходната година, таа работела на театарски проект во Сараево, насловен Хипермензија, кој вклучувал актери од Сараево, Приштина и Белград.
Александар Дамјановиќ од 2007 година е член на Парламентот на Црна Гора. Во тоа својство, тој работел како претседател на Комитетот за економија, финансии и буџет на Парламентот на Црна Гора, шеф на пратеничката група на Социјалистичката народна партија на Црна Гора и член на Националната комисија за борба против организиран криминал и корупција. Од 2003 до 2007 година, г. Дамјановиќ служел како секретар на парламентарната група на Социјалистичката народна партија на Црна Гора. Од 1995 до 2002 година, тој служел како инспектор за финансии во Министерството за финансии на Владата на Поранешна Југославија. Од 1992 до 1994 година, тој работел како советник во Министерството за финансии на Владата на Црна Гора. Во 1992 година завршил студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Подгорица. Во 1996 година, г. Дамјановиќ ги завршил неговите магистерски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград. Роден е во 1969 година во Подгорица, Црна Гора.
Доријан Дуцка е Директор за европски интеграции и меѓународни проекти во Министерството за економија, трговија и енергија на Албанија, позиција на која тој работи во последните три години. Пред да ѝ се придружи на владата, г. Дуцка бил заменик меѓународен секретар во Меѓународниот оддел на Социјалистичкото движење за интеграција за Албанија, третата најголема партија во земјата. Тој има основано и се активирал во неколку албански невладини организации, како што се Албански слободен форум, Институт ИДЕА и Албанска атлантска асоцијација на млади политички лидери, кои промовираат помирување, политичка соработка и оспособување на младите во албанската политика. Г. Дуцка е вклучен во меѓународното помирување и младинското лидерство на Балканот и Европа. Тој бил говорител на настани одржувани од Конгресот и Сенатот на САД, Домот на општините на ОК и норвешкиот Стортинг. Г. Дуцка дипломирал на меѓународни односи на Источномедитеранскиот универзитет во Фамагуста, Кипар. Тој се запишал на постдипломски студии за јавна политика на Кралскиот колеџ во Лондон. Посетувал дополнителна напредна обука во Temasek Polytechnic во Сингапур и Виенската дипломатска академија за енергетска дипломатија. Г. Дуцка е заинтересиран и за: патување, читање книги, инвестирање во соработка меѓу младите генерации, меѓународно вмрежување, помирување, трансформациски бизнис, промовирање на меѓународна безбедност и демократија, безбедност на енергијата и дипломатија.
Јан-Ерик Енестам има големо искуство во управување во Финска и Скандинавскиот совет. Од 2007 година, г. Енестам е генерален секретар на Скандинавскиот совет во Копенхаген. Роден во 1947 година во Вастанфјард, Финска, г. Енестам магистрирал по општествени науки на ÅboAkademi во 1973 година. Во Финска, г. Енестам служел на позицијата Министер за надворешни работи, Министер за животна средина, Министер за одбрана, Министер за внатрешни работи, Министер за социјални работи и здравствена грижа, Министер за одбрана, Специјален советник на Министерот за одбрана, Проектен менаџер во Скандинавскиот совет на министри, Општински менаџер за Вастанфјард, Планирање на развој и шеф на Канцеларијата на Владата на Аланд и в.д. истражувач за финскиот туристички одбор на Аланд.
Маро Евангелидоу дипломирала на Школата за архитектура при Универзитетот на Фиренца и завршила дополнителна обука за урбано планирање во Центарот за урбанистичко истражување (CRU) во Париз. Таа е магистер на напредни студии (DEA) по Урбано планирање – регионално планирање на Институтот за урбанизам во Париз при Универзитетот Париз XII (Вал де Марн). Понатаму, таа посетувала магистерски курс за управување со животната средина во DEA, „Науки и технологии за животната средина“, на ENPC и Универзитетот на Париз XII – Вал де Марн. Г-ѓа Евангелидоу од 1980 година почнала да работи во приватниот сектор како консултант и во Министерството за просторно планирање и животна средина. На почетокот работела на проблеми од општа политика и институционална рамка во одделот за урбано планирање, а потоа продолжила да работи на водечки принципи за студии, предлози за закони, децентрализација на надлежностите на Управата за следење на урбаната обнова. Во Организацијата за стратегиско планирање и еколошка заштита на Атина (ORSA), г-ѓа Евангелидоу била одговорна за стратегиски интервенции во јавни и приватни области (градски паркови и браунфилд области). Понатаму, таа работела на европски проекти, главно на крајбрежни области, а претходно служела како шеф на Одделението за стратешко планирање и урбани интервенции на ORSA.
Тригви Феликсон е главен советник во Скандинавскиот совет во Копенхаген. Скандинавскиот совет е здружение од 87 скандинавски членови на парламент основано во 1851 година. Пред да му се придружи на Скандинавскиот совет во 2010 година, тој работел како шеф на одделот за животна средина и ресурси во Скандинавскиот совет на министри, организација што соработува со скандинавските влади. Г. Феликсон служел со исландската влада во Централната банка на Исланд, Министерството за финансии и Министерството за животна средина. Шест години, тој служел како управен директор во една невладина организација за животна средина во Исланд. Г. Феликсон е роден и пораснал во Исланд и по професија е економист за ресурси кој се образувал во Норвешка, САД и Мексико.
Марк Фриман е извршен директор на Институтот за интегрирани транзиции. Како граѓанин на Белгија и на Канада, г. Фриман е меѓународен адвокат и експерт за проблеми поврзани со човекови права во контекст на демократска и пост-конфликтна транзиција. Во текот на последните 15 години, тој напорно работел со општествата во транзиција во Алжир, Боливија, Босна и Херцеговина, Бурунди, Колумбија, ДР Конго, Ел Салвадор, Кенија, Мавританија, Мароко, Непал, Србија, Шри Ланка, Тунис, Турција и Зимбабве. Г. Фриман помогнал да се основа и да се насочи Меѓународниот центар за транзициска правда, во Њујорк и Брисел, и е автор на неколку водечки текстови за прашања за политичка и пост-конфликтна транзиција, вклучувајќи ги и најновите Неопходни зла: Амнестии и потрага по правда (Cambridge University Press, 2010). Тој е предавач по право за управување со транзиции и конфликт на Правниот факултет КУ Лувен и претходно работел како Шеф за надворешни односи во Меѓународната кризна група. Има одлично познавање на англиски, француски и шпански јазик, магистрирал на хуманитарни студии на Универзитетот Мекџил, докторирал на Правиот факултет при Универзитетот на Отава и магистрирал по право на Колумбиската правна школа каде што бил соработник за човекови права и научник од „Џејмс Кент“.
Еда Геми е истражувач во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ELIAMEP). Од 2010 до 2012 година, таа била помошник истражувач во Центарот Роберт Шуман за напредни студии при Европскиот универзитетски институт во Фиренца. Нејзините главни области на истражување се миграција и југоисточни европски студии, со посебен фокус на социјална интеграција, транзиционално политичко учество, кружна миграција и пол и миграција. Во опфатот на нејзините истражувачки активности, таа соработувала со Универзитетот Чарокопеио, Центарот за родови студии на Универзитетот Пантеон, Истражниот центар за родова еднаквост – KETHI, Грчкиот институт за миграциска политика – IMEPO, Центарот за европско уставно право, Универзитетот на Сасекс и Економскиот универзитет на Атина.
Ашраф Гани е соосновач и претседател на Институтот за државна ефективност и претседател на Иницијативата за градење пазари на Институтот Аспен. Тој е претседател на авганистанската Комисија за транзиција, одговорен е за надгледување на предавањето на одговорноста за безбедност во авганистански провинции на Авганистанските сили за национална безбедност. Откако кон крајот на 2001 година работел како советник на Специјалниот претставник на генералниот секретар, Брахими, во Авганистан, д-р Гани станал министер за финансии на Авганистан за време на транзициската администрација, заслужен за креирање на авганистанската интегрирана политичка, економска и безбедносна стратегија меѓу 2001 и 2005 година, во форма на Договорот во Бон, Националната рамка за развој, вежбата за „Обезбедување на иднината на Авганистан“ и создавањето на Авганистанскиот договор. Во 2006 година, д-р Гани бил кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации и кандидат на претседателските избори во Авганистан во 2009 година. Претходно, тој работел на Панелот на високо ниво на ОН за правно зајакнување на сиромашните, IDEA, како главен нерезидентен соработник на Институтот Брукингс, член на одборот на проектот на Брукингс за глобална несигурност, Атлантскиот совет и Проектот за светска правда на американската Адвокатска комора. Тој е автор на голем број книги и статии, вклучувајќи ја и книгата „Поправање пропаднати земји“ (Fixing Failed States): Рамка за повторно создавање на распаднат свет (OUP: 2008) и е чест коментатор во медиумите.
Денис Грац е роден во 1978 година во Сараево. Тој во 2001 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Сараево и во 2002 година магистрирал на демократија и човекови права во Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии при Универзитетот во Болоња. Во 2003 година, тој го положил правосудниот испит и почнал да работи како адвокат во Сараево, специјализирајќи во материјално право и право на медиумите и слобода на пресот. Од 2008 до 2009 година, тој работел како координатор на работната група за регулирање со Форумот ДТТ на Регулаторната агенција за комуникации на БиХ. Д-р Грац се стекнал со докторат на Факултетот за социјални науки при Универзитетот на Хамбург. Неговата тема ги обработувала систематски воени злосторства сторени за време на војната во Босна 1992-1995, со конкретен фокус на елиминација на локалните елити (теорија на елитоциди). Д-р Грац објавил неколку научни студии и есеи на темата воени злосторства, уставни проблеми, заштита на човековите права и спроведување, и бил предавач и учесник во дискусии на меѓународни и домашни научни конференции и панели. Д-р Грац моментално е вонреден професор во Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии при Универзитетот во Сараево и сараевската Школа за наука и технологија. Од 2009 до 2010 година, тој бил Фулбрајтов стипендист на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Во 2010 година, продолжил со серија предавања за воени злосторства во поранешна Југославија, како професор кој гостувал на Институтот за истражување на мирот и безбедносни студии на Универзитетот во Хамбург, Германија. Д-р Грац е соосновач и претседател на Naša stranka, социо-либерална политичка партија од Босна и Херцеговина. За време на локалните избори во 2008 година, тој бил кандидат за градоначалник на општина Центар во Сараево.
Јехуда Гринфилд-Џилат е лиценциран архитект, соосновач на SAYA / Дизајн за промена и негов директор за планирање и развој. Тој дипломирал на Школата за влада „Кенеди“ на Харвард и има диплома по архитектура од Израелскиот институт за технологија - Технион. Специјализирал во врската помеѓу планирање, решавање на конфликти и политичка економија. SAYA/Дизајн за промена е фирма за архитектура и дизајн, специјализирана во мировна архитектура која користи дизајн за инспирирање и замислување на мирот во области на интензивни конфликти. Фирмата е основана во 2006 година, со длабоко верување дека архитектурата и дизајнот може да играат суштинска, трансформативна улога во областите со конфликт. Оттогаш, фирмата е ангажирана од различни невладини организации, мировни иницијативи и аналитички центри (Израелско-палестинската иницијатива на Женева, Центарот за мир „Перес“, Центарот за мир на Блискиот Исток и други) за да спроведува студии, алатки, кампањи и разни соработки со палестински архитекти и планери. Нивната работа низ години е предвидување договори и развивање креативни опции и размислување за решенија за конфликти, создавање голема банка на податоци за воспоставување мир во регионот и работеле за лидери во поранешни преговори.
Милан Грубор е главен советник во кабинетот на претседателот на Националното собрание на Република Србија. Тој во 2001 година учествувал во првата генерација на Младинскиот лидерски институт на Југоисточна Европа при Универзитетот во Товсон во САД. Г. Грубор е еден од основачите и бил прв претседател на Советот на учениците на Република Србија од 2001 до 2002 година. Тој е основач и заменик претседател на Сојузот на студенти на Република Србија 2006-2007 и основач и прв претседател на студентскиот парламент на Универзитетот во Бања Лука 2008-2009. Г. Грубор бил прв шеф на AntiKor, тим кој се борел против корупција во високото образование. Од 2009 до 2010 година, тој работел како претседател на Младинскиот совет на Република Србија. Дипломиран на факултетот за медицина при Универзитетот на бања Лука во 2010 година. Тој е колумнист за весникот Nezavisne novine во Босна и Херцеговина. Зборува англиски и француски јазик.
Стивен Б. Хајнц во февруари 2001 година му се придружил на Фондот на браќата Рокфелер (RBF) како негов четврт претседател. Основан во 1940 година од синовите и ќерката на Џон Д. Рокфелер помладиот, Фондот е меѓународна фондација што ја поддржува социјалната промена за да помогне да се изгради одржлив и мирен свет. Пред да му се придружи на Фондот, г. Хајнц бил на високи лидерски позиции и во непрофитниот и во јавниот сектор. Неодамна, г. Хајнц стана Основачки претседател на Demos: Мрежа за идеи и дејствување. Demos е организација за истражување на јавната политика и застапување, која работи на подобрување на виталноста на американската демократија и промовирање на повеќе распространет економски просперитет. Пред основањето на Demos, г. Хајнц работел како Извршен заменик претседател и Главен оперативен директор на Институтот исток – запад (EWI), каде работел на прашања поврзани со економски реформи, развој на граѓанско општество и меѓународна безбедност. Со престој во Прага, Република Чешка, од 1990 до 1997 година, г. Хајнц интензивно работел во Централна и Источна Европа и за Заедницата на независните држави. Г. Хајнц првите петнаесет години од неговата кариера ги посветил на политиката и владата во Државата Конектикат, каде работел како Комесар за економски развој (1998-1990) и Комесар за социјална помош (1983-1998). Во 1988 година, тој помогнал во подготвувањето и безбедното усвојување на Законот за поддршка на семејството од страна на Конгресот, првиот голем обид за реформирање на системот за социјална помош на државата. Статии напишани од г. Хајнц се појавиле во International Herald Tribune, Washington Post, Wall Street Journal Europe и во неколку книги и весници. Тој е дипломиран со посебни почести на Универзитетот Јејл.
Слаѓан Илиќ од јуни 2011 година работел како економски советник на градоначалникот на Штрпце, Косово. Тој особено бил ангажиран во проектот за ревитализација на скијачкиот центар Брезовица. Г. Илиќ е дипломиран економист на Универзитетот во Љубљана, Словенија и на Универзитетот во Белград, Србија. Тој е седумкратен државен шампион во алпско скијање и член на југословенскиот олимписки тим во Албертвил во 1992 година. До 2000 година, тој се ангажирал во приватното претприемништво, особено во областа на зимски туризам. По војната во Косово, г. Илиќ една година работел како директор на НВО Ресурсен Центар на ОБСЕ во Штипце. Тој, исто така, основал и локална независна радио станица и работел како новинар. Во 2002 година, го основал Српското демократско движење во општина Штипце, се кандидирал на изборите и бил избран за градоначалник. Во 2004 година, се повлекол од функцијата и станал член на косовскиот парламент како независен кандидат. Од 2007 година, г. Илиќ работел на различни меѓународни проекти фокусирани на економско зајакнување на ранливите групи и на обезбедување финансиска помош на заедниците во Косово.
Кристина Кулури е професор по модерна и современа историја и директор на Истражниот центар за модерна историја во Универзитетот Пантеон за политички и социјални науки во Атина, Грција. Д-р Кулури, исто така, работи како претседател на Комитетот за образование по историја на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа (CDRSEE). Таа студирала на Универзитетот во Атина, Школата за напредни студии во општествените науки и Париз I - Пантеон – Сорбона, каде и докторирала. Д-р Кулури е автор на неколку книги и статии на грчки, англиски и француски јазик за предавањето историја, историја на историографијата, националниот идентитет, како и историјата на спортот. Исто така е автор и на неколку учебници. Д-р Кулури е уредник на четири алтернативни образовни работни книги за предавање модерна и современа историја во Југоисточна Европа. Д-р Кулури била член на комитетите за одобрување на учебници по историја во грчките средни училишта и член на проектната група на Советот на Европа за учење и предавање историја на Европа од XX век, 1996-2000 година. Таа предавала на неколку меѓународни конференции во Грција и Југоисточна Европа, САД, Јапонија, Тајван и Кина. Таа е координатор на проектот „Класифицирање и регистрирање на историски архиви од Грчкиот олимписки комитет (HOC) и Меѓународната олимписка академија (IOA)“. Исто така е и координатор на тимот на историчари од пет балкански земји за проектот „Балканска приказна“, сеопфатен проект за отоманската и балканската историја финансиран од Институтот Гете.
Леонидас Маркис од јули 2012 година работи како советник на градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис. Неговите задачи вклучуваат работење на политичката агенда на градоначалникот како и решавање проблеми поврзани со политичка комуникација. Од февруари 2012 година, тој предавал политичка комуникација, компаративна политика, држава и општество, демократија и диктатура, општествени движења и историја на политички идеи на Катедрата за политички науки при Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција. Од 2010 до 2012 година, тој предавал на програмите за магистерски студии по Политика и меѓународни односи на Колеџот DEI во Солун, каде предавал компаративни политики, демократија и демократизација и меѓународни институции. Д-р Маркис докторирал на Политички науки на лондонската Школа за економија и политички науки. Тој, исто така, е лиценциран психолог и претходно работел како психолог. Неговите главни дејности вклучувале советување поединци со лесни психолошки нарушувања, спроведување процени на личноста и оценување на ментални состојби според DSM-III-R. Има одлично познавање на грчки, англиски и шпански јазик.
Јелена Милиќ е меѓу највлијателните политички аналитичари во Србија и Западен Балкан. Работела со Горан Свилановиќ, поранешен Министер за надворешни работи на Србија и црна Гора, а подоцна на Србија, за време на неговиот мандат во Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Таа, исто така, работела како политички аналитичар и истражувач за Меѓународната кризна група и Хелсиншкиот комитет во Србија. Г-ѓа Милиќ е автор на неколку статии и есеи. Нејзините области на експертиза вклучуваат реформи во безбедносниот сектор на Србија; односи Србија – ЕУ и Србија – НАТО; Косово; и врските меѓу ненасилна промена на режимот, транзициска правда и реформи во безбедносниот сектор.
Суљо Мустафиќ е роден во Бар, Црна гора, во 1973 година. Тој во 1997 година дипломирал на Катедрата за Југословенска литература и српско-хрватски јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Србија. Од 2009 година, тој е член на Парламентот во Црна Гора и шеф на Клубот на Босанската партија во Парламентот на Црна Гора. На 25-тата Седница на Парламентот, тој бил избран за заменик претседател. Тој е член на Комитетот за меѓународни работи, Комитетот за одбрана и на Уставната комисија. Исто така, е член и на парламентарниот одбор за стабилизација и за пристап на Парламентот на Црна Гора и Европската унија. Зборува англиски и турски јазик. Живее во Бар, Црна Гора.
Андреј Носов во 2003 година ја основал Младинската иницијатива за човекови права во која бил директор до 2009 година. Г. Носов развил програми за регионална соработка што се фокусирала на соочување со минатото и на младинскиот активизам во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.Во 2009 година, г. Носов го основал Фондот Heartefact, регионална фондација за доделување грантови и уметничка продукција. Под негово управување, Heartefact работи во Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Од 2001 до 2003 година, г. Носов бил новинар во дневниот весник Danas, Србија, во Радио слободна Европа и во други локални медиуми. Тој е адвокат и има обука за театарски режисер. Продуцирал и режирал повеќе од десет театарски и филмски продукции, кои во минатите три години добиле награди на неколку фестивали.
Дарко Пајовиќ моментално е претседател на новата парламентарна политичка партија во Црна Гора, Pozitivna Crna Gora, (Позитивна Црна Гора).Pozitivna Crna Gora, имала 9 проценти на изборите во октомври 2012 година. Тој ја претставува и управува партијата, спроведува политики, утврдува и презентира политички ставови и координира со соработката на сите нејзини органи. Дванаесет години претходно, тој ја основал и бил директор на непрофитната организација Green Home, каде реализирал неколку големи еколошки проекти. Во 2004 година, организирал кампања за заштита на Кањонот на реката Тара, а во 2010 година организирал Кампања против планот на црногорската влада да изгради хидроцентрали на реката Морача. Г. Пајовиќ, исто така, е експерт во Меѓународната унија за заштита на природата и е автор на неколку публикации на полето на заштита на животната средина. Бил член на Националниот совет за одржлив развој на Црна Гора и на Комисијата за соработка со УНЕСКО. Неговото професионално искуство вклучува и работа во репродукцијата на човекот:тој е создавач на првото бебе зачнато со ин-витро во Црна Гора; член е на Европско здружение за хумана репродукција ESHRE; автор е на повеќе од 40 научни трудови на полето на човечката репродукција; и ги претставува на научни конференции од 2003 година.
Јоргос А. Папандреу дипломирал на Колеџот Амхерст и магистрирал по социологија и развој на лондонската Школа по економија. Тој работел како соработник во Центарот за меѓународни работи на Универзитетот Харвард (1992-1993).Како член на парламентот од 1981 година, пред да стане Министер за надворешни работи 1999-2004, тој работел на неколку позиции во владата, како заменик секретар за култура и Министер за образование. Г. Папандреу добил неколку признанија за неговата посветеност на унапредувањето на мирот и демократијата, како и за борбата против расизмот, а особено за неговата успешна кампања, како Министер за надворешни работи, за подобрување на односите меѓу Грција и Турција. Тој е Заменик претседател на Меѓународната фондација за олимписко примирје, институција која активно ја промовирал кога Градот Атина бил назначен за домаќин на Олимписките игри во 2004 година. Како активен поддржувач на информатичкото општество и е-демократијата, во 2003 година, г. Папандреу бил избран како еден од „25-те луѓе што го менуваат светот на интернет политиките“.Како Претседател на Сегрчкото социјалистичко движење (PASOK) од јануари 2004 до март 2012 година, г. Папандреу спровел радикални реформи во грчкиот политички систем. Од октомври 2009 до ноември 2011 година, бил Премиер на Грција. Г. Папандреу едногласно бил избран за претседател на Социјалистичката интернационала во јануари 2006 година, позиција на која е тој моментално, и за член на грчкиот Парламент. Есента во 2012 година, тој бил визитинг професор на Институтот за политика на Школата Кенеди на Харвард. Пролетта во 2013 година, тој предавал глобален соработник на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Г. Папандреу е оженет со Ада и има две деца, Андреас и Маргарита-Елена.
Спирос Пенгас е заменик градоначалник на Солун. Тој студирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот во Фрајбург и Универзитетот во Минхен. Работел како практикант во локалната канцеларија на УНХЦР во Брисел, Белгија и во 1994 година се вратил во Грција за да работи во семеен бизнис со ориентални теписи. Г. Пенгас ја основал Eastern Paths, невладина организација што ги носи луѓето од Грција во земјите на источна Азија за да се запознаат со локалната култура. Тој учествувал на изборите во Солун во 2006 и 2010 година со Градоначалникот Јанис Бутарис и Иницијативата за Солун.Во 2010 година. Бил избран за Заменик градоначалник со 1.111 гласа. Г. Пенгас работи како заменик градоначалник од 2011 година.
Дукаѓин Пуповци е извршен директор на Образовниот центар на Косово (KEC), една од најпроминентните образовни организации во Косово и регионот. Како експерт за образование, д-р Пуповци придонел кон развојот на најважните политички документи во областа на образование и истражување во Косово, особено преку неговото членство во националните органи за креирање политика и советување. Понатаму, тој е коавтор на бројни студии и статии за образование и истражување во Косово. Д-р Пуповци работел како консултант за образование во неколку земји од Западен Балкан. Тој докторирал на математика и е редовен професор на Универзитетот во Приштина. Исто така, предава и во Вишото педагошко училиште во Тирана.
Борис Раониќ е од Подгорица, Црна Гора. Тој е претседател на Граѓанска алијанса, невладина организација во Црна Гора. На почетокот на 90-тите години од XX век, г. Раониќ бил активен член на либералната партија на Црна гора (LSCG).За време на неговите студии на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, тој ја основал една од првите непрофитни организации во Црна Гора. Тој, исто така, работел како новинар, во Нансен дијалог центарот, и како директор на Младинската иницијатива за човекови права. Бил пионер во промовирање на приговор на совеста во Црна Гора и член на Меѓународната кризна група за заштита на реката Тара. Г. Раониќ е автор на голем број статии од областа на дијалог, толеранција, политичка култура и решавање спорови и е продуцент на два документарни филма кои се занимаваат со темата на соочување со минатото. Тој е член на Националниот совет за евроинтеграции, директор на Високата школа за демократсколидерство каде што тој е претставник од Црна Гора во Советот на Факултетот за политички студии во Европа, и работи во неколку непрофитна одбори. Оженет е за Милена и е татко на Теодора.
Илир Салиху е шеф на персонал на Претседателот на Косово. Тој магистрирал (со почести) на Стратегиски менаџмент на IEDC – Школата за менаџмент Блед во Словенија. Тој, исто така, посетувал програма за индустриски менаџмент на Универзитетот за менаџмент и економија во Ваксјо, Шведска. Г. Салиху својата професионална кариера ја започнал во Одделот за трговија и индустрија како службеник задолжен за надзор на управувањето со претпријатијата во државна сопственост (ПДС) во Косово. Потоа се префрлил во КТА, институција надлежна за приватизација на ПДС и надзор на управувањето со јавните комунални претпријатија (ПЈС).Во 2005 година, г. Салиу бил назначен за заменик управен директор на КТА и директор на одделот за ПЈС. За време на неговата функција, КТА ги инкорпорирала сите ПЈС и воспоставила стабилен систем на корпоративно управување во претпријатијата кои вработувале над 15.000 работници. За време на 2005-2008 година, г. Салиху бил претседател на одборот на директори на Пошта и телекомуникации на Косово (ПТК) и Меѓународниот аеродром на Приштина. Под водство на Салиху, ПТК остварила една важна транзиција од компанија со социјалистичкиот начин на размислување во компанија ориентирана кон пазарната економија. Слично со тоа, Меѓународниот аеродром на Приштина бил избран за најдобар аеродром во категоријата „помалку од 1 милион патници“ од страна на Советот за меѓународни аеродроми (ACI).Г. Салиху, од јули 2008 до март 2011 година, работел како економски советник во Меѓународната цивилна канцеларија. Во април 2011 година, тој му се придружил на кабинетот на Претседателот на Република Косово како економски советник и од февруари 2012 година работел како шеф на персонал.
Евангелија Стамули од 2011 година, работела како советник за Меѓународни работи за животна средина на Генералниот секретар на Министерството за животна средина, енергија и климатски промени во Грција. Таа, исто така, од 2010 до 2011 година, работела и како експерт за Западен Балкан во Одделот за меѓународни односи и европски прашања. Г-ѓа Стамули е државен претставник за интегриран менаџмент на проширениот речен слив на реката Дрина која е главен фокус на Архуската конвенција и ја застапувала Грција на Конференцијата во Рио (Rio+20).Таа студирала политички науки на Универзитетот во Крит и магистрирала на Југоисточни студии на Универзитетот во Атина и има уште една магистратура по глобално владеење со животната средина и одржлив развој на Универзитетот Пантеон во Атина. Дипломирала на Грчката национална школа за јавна администрација.
Пол Стабс е роден во Ливерпул, Велика Британија во 1959 година. Тој студирал социологија, социјална политика и социјална работа на Универзитетите во Хул, Лестер, Ворвик и Бат, Велика Британија. Од 1993 година, тој живее и работи во Хрватска, првобитно сместен во бегалски камп во Истра. За да се пресели во Загреб, тој ги комбинирал активизмот, истражувањето и консултациите. Тој бил основачки член на одбор на Центарот за мировни студии во Хрватска. Од 2003 година, тој е виш научен соработник на Економскиот институт во Загреб. Неговите главни интереси на истражување, одразени во неговите публикации, се социјална политика во Југоисточна Европа, политики како што се: преведувачки практики, развој и мобилизација на заедници и компјутерски посредуван активизам. Тој е член на уредничкиот одбор на хрватскиот Весник за социјална политика. Тој е ко-уредник (заедно со Боб Дејкон) на Социјална политика и меѓународните интервенции во Југоисточна Европа (Едвард Елгар, 2007) и (со Кристоф Солиоз) на слободниот регионализам во Југоисточна Европа (Номос, 2012).
Горан Свилановиќ на 1 јануари 2013 година ја презел функцијата Генерален секретар на Советот за регионална соработка откако бил назначен од страна на Министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) во Белград на 14 јуни 2012 година. Како српски дипломат и политичар, тој претходно работел како координатор за Економски и еколошки активности на ОБСЕ (2008-2012).Во ноември 2004 година, тој станал Претседател на Работна маса I (демократизација и човекови права) на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, каде работел до крајот на 2007 година. Тој бил член на Главната група за преглед на Пактот за стабилност, што ја предложила трансформацијата на Пактот за стабилност во Советот за регионална соработка. Од 200 до 2004 година, г. Свилановиќ бил Министер за надворешни работи на Сојузна Република Југославија, која во 2003 година била преименувана во Србија и Црна Гора. Меѓу 2000 и 2007 година, тој бил пратеник. Бил Претседател на политичката партија Граѓанска алијанса на Србија (1999-2004).Со докторат на Универзитетот Унион во Белград, магистерски и додипломски студии по право на Универзитетот во Белград, г. Свилановиќ, исто така, студирал и на Институтот за човекови права во Стразбур, Франција, Универзитетот Сар во Германија и Универзитетскиот центар за мировни студии во Штатшлајнинг, Австрија. Г. Свилановиќ работел со голем број организации и комитети, како што се Центарот за антивоена акција (1995-1999), Меѓународната комисија за Балканот (2004-2006) и Белградскиот центар за човекови права (2007-2008).Од 2008 година, г. Свилановиќ е доцент по право на Универзитетот Унион во Белград. Горан Свилановиќ зборува српски и англиски јазик. Роден е на 22 октомври 1963 година. Оженет е има две деца.
Деспина Сири е претседател на Симбиоза. Таа работи во Советот за интеграција на мигранти на Општина Солун и моментално е ангажирана во истражување на центрите за притвор на нелегални мигранти на границата Грција-Турција, третманот на народите од земјите од третиот свет на надворешните граници на Европа заедно со ELIAMEP и Агенцијата за основни човекови права на ЕУ. Таа учествува во развојот на програмата за европски магистерски студии за хуманитарна акција на Одделот на ЕК на Балканот и ориентални студии на Универзитетот на Македонија во Солун. Таа била визитинг соработник во Центарот за студии за холокаустот и геноцидот во Амстердам, работела како Директор за истражување и меѓународна соработка во Институтот за имиграциона политика во Грција и предавала политички науки и политичка антропологија на Американскиот колеџ во Солун. Г-ѓа Сири работела со Агенцијата Ројтерс, Атинска новинска агенција, Центар за истражување на Југоисточна Европа, Берлинска мрежа за миграција, Британски совет, Центар за студии за бегалци на Оксфорд, Институт Ист-Вест, како и во меѓународни и непрофитни организации во Јужна Африка, Источна и Југоисточна Европа за прашања за постконфликтен развој, избори, миграција, бегалци, граници и интеграција на Западен Балкан во Европската унија.
Сумеја Тулиќ дипломирала на право на Правниот факултет во Сараево, Бодна и Херцеговина и магистрирала на Програмата за европски регионални магистерски студии за демократија и човекови права во Сараево. Од 2011 година, таа работи како програмски службеник за Бранители на граѓанските права за Западен Балкан, а од 2008 како член на Воениот театар на Сараево (SARTR-SARAJEVO).Г-ѓа Тулиќ е една од основачите на Здружението Контакт во Сараево, организација фокусирана на театарска анализа на социјалните проблеми. Како актерка, таа работела во многу европски продукции во Белгија, Италија, Германија и Грција.
Албан Укај е актер од Косово кој живее во Сараево, Босна и Херцеговина. Тој во 2004 година, дипломирал на Академијата за сценски уметности на Сараево и од 2008 година работи во Воениот театар на Сараево. Тој е активен и во филмот и во театарот. Неодамна, тој се појави во најновиот проект на грчкиот режисер Менелаос Карамагиолис и на други, вклучувајќи и продукции наградени со наградата Златна палма. Моментално тој глуми во документарната театарска продукција „Хипермнезија“ и во една продукција на театарот BITEF. Неговата работа се фокусира на програми за регионална соработка, како на пример, постојан ангажман во Фондот Heartefact и разни проекти во Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Хрватска. Тој е еден од соосновачите на Контакт, здружение посветено на унапредување на истражувањето во театарот, со фокус на учеството на маргинализираните групи. Г. Укај моментално пишува и режира краткометражни филмови во Приштина, со копродукција од Белград.
Иван Вејвода е заменик претседател за програми на Германскиот Маршалов фонд на САД.Од 2003 до 2010 година, тој бил извршен директор на Балканскиот труст за демократија, проект на GMF. Од 2002 до 2003 година работел како постар советник за надворешна политика и европски интеграции на српскиот премиер – прво на Зоран Џинџиќ, а потоа на Зоран Живковиќ. Пред неговата служба во српската влада, г. Вејвода, 1998-2002, бил извршен директор на Фондот за отворено општество во Белград. Во средината на 90-тите години од XX век, тој имал различни академски работни места во Велика Британија и САД, вклучувајќи едногодишен ангажман на Колеџот Смит и Колеџот Макалестер во САД и три години бил научен соработник на Универзитетот на Сасекс во Англија (1993-1996).Тој работел и како научен соработник во Институтот за европски студии во Белград (1984-1993).Г. Вејвода има голем број публикации на теми за демократска транзиција, тоталитаризам и поствоена реконструкција на Балканот. Понатаму, во 90-тите години од XX век, бил значајна личност во опозициското движење во Југославија. Во Белград, во 1989 година, бил соосновач на Демократскиот форум, а во 1992 година на Здружението на независни интелектуалци на Белградски круг. Тој бил ко-уредник во Демократизацијата во централна и источна Европа (Пинтер 2000, Континум 2002) и Југославија и потоа (Лонгмен 1997).Дипломирал на Институтот за политички студии во Париз (1972) и магистрирал на Универзитетот во Белград. Бил награден со Францускиот национален орден за заслуги и Орден на Ѕвезда на италијанската солидарност.
Тони Видан е активист во кампањата за енергија и клима на организацијата за животна средина „Зелена акција“ (ЗА)/Пријатели на Земјата – Хрватска, во која претходно работел како претседател и член на извршниот одбор. Моментално, тој работи на основање на образовен центар за одржлива енергија во поранешни воени бараки на Островот Шолта во близина на Сплит, Хрватска. Од 1991 година, тој е активен во меѓународните преговори за климатски промени и помогнал да се основа Глобалниот еколошки фонд. Тој учествувал во неколку меѓународни иницијативи за климатски промени, како координатор за климатски промени на Мрежата за климатска акција за Централна и Источна Европа (1992-1995) и како благајник на Пријатели на Земјата. Г. Видан, исто така, работи со голем број консултативни органи во Хрватска и на меѓународно ниво, на пр., како набљудувач во Комитетот за животна средина на хрватскиот Парламент; претседател на Националниот комитет на Хрватска за развој на граѓанскиот сектор и во Форумот за животна средина на Југоисточна Европа. Г. Видан неодамна беше избран за иден член на Европскиот економски и социјален комитет.
Босиљка Вуковиќ е шеф на Одделението за поддршка на Националниот совет за одржлив развој при Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора. Од 2007 година, таа работела во областа на одржливиот развој во нејзината родна земја, Црна Гора. Г-ѓа Вуковиќ претходно работела како шеф на Канцеларијата за одржлив развој, орган кој е надлежен за меѓусекторска координација на национални стратегиски политики и политики за долгорочен развој. Работи како секретар на Националниот совет за одржлив развој, советодавно тело за прашањата поврзани со одржлив развој со повеќе засегнати страни на владата на Црна Гора, на чие чело стои Премиерот. Како национален главен фокус за Комисијата за одржлив развој на ОН (CSD) и националните подготовки за Третиот светски самит за одржлив развој (Rio+20), таа била активно вклучена во процесите за одржлив развој на ЕУ и ОН. Во 2011 година, г-ѓа Вуковиќ била избрана за заменик претседател на Бирото за 20-тата седница на CSD во име на европската група на ОН за Европа. Пред да се врати во Црна Гора, работела во програми за развој на општеството, главно во Србија, како и на следење и евалуација на проекти за инфраструктура, градење заедници и за развој на земјоделството. Таа магистрирала на Школата за напредни меѓународни студии (SAIS) при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ со фокус на меѓународна економија и европски студии.
Финален извештај на Првиот годишен состанок на Балкански форум во Солун, февруари 2013 година.