19 – 21 март 2015 г. - Солун, Грција
Солун, Грција (19 март 2015 г.) – граѓански и политички лидери на Западен Балкан заедно со бизнис професионалци ќе се соберат во Солун, Грција, од 19 до 21 март 2015 година за вториот годишен Балкански форум за регионална соработка.
Инаугуративниот Балкански форум за соработка, одржан во февруари 2013 година, овозможи група од разни засегнати страни и лидери да придонесат кон нова приказна на Балканот заснована на можности за одржлив економски развој, втемелена во заложба за соработка. Оваа нова приказна ја истакнува културната, религиозната и етничката разновидност на регионот како вредно средство и можност за инвестирање во заеднички пазар во кој луѓето и добрата ќе можат слободно да се движат.
Меѓу годишните состаноци, работата на Балканскиот форум е концентрирана на унапредување на конкретни идеи и иницијативи што се појавија од првичните дискусии, од аспирацијата на земјите од Западен Балкан да го трансформираат регионот во една обединета сила подготвена да дејствува на европските и глобалните сцени и од луѓето и институциите во регионот што се посветени на зајакнување на одржливиот економски раст преку регионална соработка. Советодавен комитет составен од различни регионални и европски претставници, вклучувајќи и членови од Скандинавскиот совет кој служи како важен модел за Балканскиот форум, дава постојана поддршка и увид.
Балканскиот форум ги поддржува принципите и приоритетите утврдени на Конференцијата на Западен Балкан што беше одржана на 28 август 2014 година. Како независна платформа за собирање и спроведување иновативни стратегии за регионална соработка, Балканскиот форум служи како врска меѓу различни регионални засегнати страни во рамките на берлинскиот процес во приватниот, граѓанскиот и владиниот сектор.
Форумот оваа година ќе собере на едно место разни засегнати страни за да го надгради напредокот постигнат од Првиот годишен балкански форум. Вториот Форум ќе се фокусира на три меѓусебно поврзани сектори каде ќе се разгледаат иновативни пристапи и значителни промени: 1) Образование за одржлив развој, 2) Човечки капитал и пазари на трудот: Потенцијал за зелена животна средина, 3) Економски развој, енергија и животна средина: Инфраструктура и либерализиран енергетски пазар – можности за Југоисточна Европа.
Оваа година, на Форумот ќе учествуваат повеќе од 60 лидери од Балканот за да ги истражат силните страни и компаративните предности на регионот, со генерална цел за катализирање на конкурентноста на регионалниот развој на европските и глобалните пазари.
Организацијата Балкански форум е со седиште во Солун.
На вториот годишен Балкански форум ќе се состанат лидери и иноватори од Балканот за да дефинираат заеднички цели и да создадат методологии за реализација на една нова визија за регионот која се заснова на економска интеграција, просперитет и одржлив мир. Надградувајќи ги идеите и динамиката создадени на инаугуративниот форум одржан во 2013 година во Солун, учесниците ќе споделат креативни идеи за регионален развој во областите на енергетика, животна средина, човечки капитал и пазари на трудот и образование.
ЧЕТВРТОК, 19 МАРТ 2015 г.
19:00 – 19:30 Прием
Локација: Хотел Македонија палас, 9 кат, ресторан
19:30 – 22:00 Воведни говори & Вечера
Вовед: Луна Калас, Балкански форум
Speakers:
Јанис Бутарис, Општина Солун
Хоскулдур Торхалсон, Скандинавски совет
Стивен Хајнц, Фонд на браќата Рокфелер
___________________________
ПЕТОК, 20 МАРТ 2015 г.
8:30 – 8:55 Регистрација
Сала: Aristotelis I
(Приземје)
9:00 – 9:10 Обраќање за добредојде
Марика Терос, Балкански форум
9:10 – 10:45 Перспективи за зголемување на просперитетот и одржливоста на регионот
Кои се изгледите на регионот за економски и целокупен развој во рамките на стратегијата за раст на ЕУ до 2020 година? Гледајќи во моделот на Скандинавскиот регион и во рамките на обврските утврдени на Конференцијата на Западен Балкан одржан на 28 август 2014 година, позната како „Берлинска агенда“, овој панел има за цел да предложи можности за унапредување на балканскиот регион во поконкурентен, познат и енергичен пазар.
Модератор: Хаки Абази, Фонд на браќата Рокфелер
Панелисти:
Јелена Милиќ, Центар за евроатлантски студии
Камерон Мантер, United Group, Србија
Самира Нухановиќ Рибиќ, Иницијатива за надворешна политика
Хари Папапанагос, Универзитет на Македонија
Рајан Стонер, Стејт Департман на САД
Александер Војда, Амбасада на Австрија, Грција
10:45 – 11:15 Пауза за кафе
11:15 – 12:30 Улогата на медиумите и граѓанското општество во трансформирање на регионот
Оваа дискусија ќе ги засили иновативните гласови што ја истражуваат улогата и потенцијалот на медиумите и граѓанското општество во помагање во трансформирањето на регионот во една современа, продуктивна и обединета сила способна да дејствува како кредибилен партнер во Европа и светот. Утврдувајќи ги регионалните пречки и предизвици, панелот ќе ги дефинира заеднички стратегии за граѓанското општество и медиумите за зајакнување на економската интеграција и забрзување на одржливиот развој во рамките на партиципативната демократија и законите.
Модератор: Ивана Цветковиќ Брајовиќ, Национален фонд за демократија
Панелисти:
Лејла Бичакчиќ, Центар за истражувачко новинарство
Јелена Ќосиќ, Балканска мрежа за истражувачко новинарство
Зефи Димадама, Меѓународен центар за студии на Црното Море
Дорјан Дуцка, Министерството за енергија и индустрија на Албанија
12:30 – 14:30 Ручек
14:30 – 16:00 Откривање на локалниот потенцијал за покренување регионални промени
Како добрите практики на локално ниво најдобро можат да се промовираат, поврзат и зголемат за да се создаде регионален конкурентен пазар? Може ли претприемништвото водено од иновации и зголемената децентрализација да поттикнат врски со взаемни придобивки во регионот, да поттикнат мобилност на работната сила и меѓурегионално учење и да инспирираат заеднички вложувања во, на пример, инфраструктурни проекти? Овој панел има за цел да фрли светлина на улогата на различни засегнати страни во поттикнувањето на потребните вештини, знаење и ресурси да покренат локални иницијативи за регионален развој и конкурентност.
Модератор: Марика Терос, Балкански форум
Панелисти:
Јанис Бутарис, Општина Солун
Афродита Буикидис, Ashoka Грција
Тим Кленси, Via Dinarica
Дардан Сејдиу, Општина Приштина
Хоскулдур Торхалсон, Скандинавски совет
16:00 – 18:30 Сесии за паралелни работилници
Цели на работилниците: да се утврдат постојни ограничувања, способности, можности и средства во конкретни области од регионалната соработка; да се предложат мерки неопходни за пополнување празнини и движење кон регионални иницијативи и генерирање идеи за иницијативи за соработка што можат да ги информираат регионалните агенди за дејствување.
Хаки Абази е програмски директор за делот на Западен Балкан од програмата за клучни точки на Фондот на браќата Рокфелер (RBF). Пред да му се придружи на RBF во 2007 година, г. Абази работел како директор на косовската канцеларија на East West Management Institute, Inc. Г. Абази развил и спровел голем број програми што ги обработуваат критичните прашања во Косово за време на периодот на транзиција. Тој, исто така, играл важна улога во развојот на граѓанското општество во регионот. Г. Абази има повеќе од петнаесет години искуство во подготвување и управување со програми за развој во Косово, Србија, Црна Гора, Авганистан и Индонезија. Тие програми биле направени за да се поддржи целокупниот развој и да се зголеми нивото на учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Г. Абази има длабоко познавање и работно искуство поврзани со граѓанското општество на Балканот и геополитиките на регионот. Г. Абази дипломирал на компјутерски науки и менаџмент, а своето образование го стекнал во Косово и САД. тој зборува англиски, албански и српски јазик, а има основни познавања и од јазикот дари.
Јоанис Армаколас е вонреден професор на катедрата за Балкански, словенски и ориентални студии на Универзитетот на Македонија и научен соработник „Ставрос Костопулос“ во ЕЛИАМЕП, каде ја води Програмата за Југоисточна Европа. Тој, исто така, е главен уредник на весникот Southeast European and Black Sea Studies, што го објавува Routledge. Негови претходни работни места вклучуваат Соработник во Одделението за политика на ESRC, Универзитетот во Оксфорд; Научен соработник во Колеџот Нафилд, Универзитетот на Оксфорд; Директор за истражување во „Работната група САД-Грција: Трансформирање на Балканот“ (заеднички проект на Грчкиот центар за европски студии и Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон); Регионален шеф за Југоисточна Европа во Oxford Analytica; Тип О’Нил Соработник за мировни и конфликтни студии во INCORE – Северна Ирска. Г. Армаколас има големо искуство како консултант со проекти на УСАИД и ОМР во Западен Балкан.
Висар Аземи е координатор на Конзорциумот на граѓанското општество за одржлив развој на Косово и извршен директор на Фондацијата за зелен Балкан. Претходно, г. Аџземи работел како претставник на Универзитетскиот колеџ при Универзитетот на Мериленд (UMUC) во Кампот Бондстил, Косово, и предавал математика, компјутери и предмети по бизнис на кампусот и онлајн. Неговата претходна работа, исто така, вклучува административна и управна работа во Меѓународната организација за миграција и во KBR. Г. Аземи дипломирал на електротехника на Универзитетот во Приштина, има втора диплома по менаџмент и магистрирал на меѓународен финансиски менаџмент на UMUC.
Николас Бакирцис е додипломец на Универзитетот на Македонија на катедрата за Балкански, словенски и ориентални студии. Има одлично познавање на грчкиот, англискиот и францускиот јазик, а зборува и турски и српски. Учествувал во многу семинари и работилници.
Ен Бретли е вклучена во граѓанското учество на сите нивоа уште од 1986 година и во многу други различни области чија цел е создавање на посилно и повеќе од американско општество. Од државното училиште во Харлем до населбите од Литл Рок, од член на кабинетот на првата дама на Арканзас до Белата куќа на Клинтон, г-ѓа Бретли го следела своето убедување дека јавната служба не е само чесна, туку и основна за исполнување на таа визија. Како член на одбор на фондација, индивидуалец, активист основач и како соосновач на неколку донаторски мрежи, таа целела и кон зголемување до максимум на потенцијалот на финансиските средства за поддршка на тие цели.
Во нејзиниот граѓански активизам се вткаени три доминантни теми: поттикнување на поголемо изборно учество за сите, особено на луѓе од други раси и заедници со ниски приходи; мобилизација на донатори за поддршка на фокусирана социјална промена; и стимулација на постојан разговор со американските граѓани што ќе води кон зголемување на вклученоста на заедниците и подобро информиран и целосно ангажиран електорат.
Во 1956 година, г-ѓа Бретли се преселила на фарма во руралниот дел на Арканзас, држава западната во криза на расна интеграција предизвикана од кандидатурата за повторно избирање на Гувернерот Орвил Фабус и почнала да работи во расистичко јавно училиште во кое сите ученици биле белци. На оваа рана возраст, таа научила дека тој што ќе биде избран навистина ќе постигне нешто што е важно за сите граѓани да живеат со достоинство и да гласаат без заплашување.
За да ги унапреди тие цели, г-ѓа Бетли помогнала да се основаат следните институции: Министерството на Арканзас за природно и културно наследство (1974), Канцеларија на Вашингтон во Арканзас (1979), Фондацијата Threshold (1981), Комитет на основачи за учество на граѓаните (1983), Форум институт за учество на гласачите (1986), Институтот за вера и политика (1991), Vote Now 1992 и 1994, America Coming Together (2004), Демократска алијанса (2004), America Votes (2005) и моментално, Комитетот на државите.
Некои од одборите од кои била дел биле на Фондацијата „Нов свет“, Фондацијата на Винтроп Рокфелер и Фондот на семејството Рокфелер. Моментално, таа е дел од одборот на Фондацијата на семејството Бауман, Советници за филантропија на Рокфелер, America Votes и Советодавните совети за проектите „Новиот запад“ и „ТАИ СОФИЈА“.
Со образование стекнато во Сара Лоренс, Колеџот Финч и Колеџот на наставници на Колумбија, таа дипломирала и магистрирала на предавање англиски јазик и литература. Таа е мажена за Лери Б. Мекнил, поранешен организатор на Саул Алински кој 25 години го работел тоа и, моментално, директорот на Институтот за промена во Меѓународниот сојуз на вработените во услужните дејности (SEIU). Тие имаат пет деца и две внучиња.
Курт Бесунер е соосновач и главен соработник на Советот за политика за демократизација. Тој работи на политиката на Босна уште од 1997 година и живее во Сараево од 2005 година. Тој е коавтор со амбасадорот Џереми Кинсмен во публикацијата Дипломатски прирачник за поддршка на демократијата и развојот, проект на Заедницата на демократии, чие трето издание е објавено во септември 2003 година. Тој во 1994 година магистрирал на европски студии на Централно-европскиот универзитет во Прага, а во 1991 година дипломирал на меѓународни односи на Школата на Американскиот универзитет за меѓународна служба.
Лејла Бичакчиќ е директор на Центарот за истражувачко новинарство (CIN). Таа е основачки член на организацијата каде работела како бизнис менаџер на Групата за развој на новинарството. Нејзините обврски вклучувале прибирање средства, односи со донатори, администрација и финансиски менаџмент. Пред CIN, таа работела за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и американската Адвокатска комора (ABA/CEELI), каде девет години работела како финансиски директор и обучувач. Родена во Сараево, таа студирала физика и економија на Универзитетот на Сараево.
Милорад Бјелетиќ е извршен директор на Отворената школа на Белград (BOS), една од водечките организации за граѓанско општество во Србија. BOS ги зајакнува човековите ресурси, ја подобрува работата на институциите и организациите и ги развива и застапува јавните политики со цел да развие подобро општество базирано на слобода, знаење и иновација. Во прилог на неговите секојдневни менаџерски активности во BOS, г. Бјелетиќ бил член на одборот на Фондацијата Отворено општество во Србија и член на неколку советодавни одбори и одбори за доделување грантови што поддржуваат проекти за образование, градење капацитети, европска интеграција и регионална соработка. Од 1998, тој работел како предавач, обучувач и консултант за програми за развој на граѓанското општество, управување со социјални вештини и НО и управување со проектни циклуси во Србија и Западен Балкан за граѓанските активист, младите луѓе, политичките лидери, административците и истражувачите. Негови главни предмети се развој на граѓанско општество, јавна политика и застапување, проекти за социјални и политички промени, европска интеграција и регионална соработка.
Афродита Буикидис е основач и ко-директор на Ashoka, Грција. Пред тоа, таа управувала со Проектот за повторно откривање на грчките медиуми, како и со програма за лидерство со Иницијативата „Следна генерација“, грчко-американска непрофитна организација која ги поддржува можностите за лидерство и менторство за студенти и млади професионалци во САД. Таа, исто така, поминала три години во тимот на Блискиот Исток и Северна Африка во Националниот демократски институт за меѓународни работи (NDI), каде помогнала да се развијат и поддржат програми за граѓанско учество, вклучувајќи и програми фокусирани на организациите за жени, млади луѓе и граѓанско општество. Магистрирала на меѓународни односи на Универзитетот во Чикаго, во 2010 година била назначена за Соработник за социјална иновација на StartingBloc, а во 2014 година била избрана да работи во мрежата на одговорни лидери на Фондацијата BMW.
Јанис Бутарис во 1965 година дипломирал по хемија на Универзитетот Аристотел во Солун и во 1967 година се стекнал со диплома за енологија од Институт за вино на Атина. Од 1969 до 1996 година, тој постојано работел како управен директор на семејната винска индустрија J. Boutari & Son S.A. Во 1998 година, ја основал винарската визба Kir Yianni. Г. Бутарис, два мандата, работел како општински советник во Солун (2002-2006 и 2006-2010). На два последователни локални избори во 2006 и 2010 година тој ја водел „Иницијатива за Солун“ како кандидат за градоначалник и бил избран во ноември 2010 година (прв мандат Јануари 2011 – август 2014 година) и во мај 2014 година (во тек, септември 2014 – август 2019 година).
Од 1980 година, г. Бутарис работел како претседател и како член на одборот на директори на голем број професионални, културни и еколошки организации. Исто така, тој е основач на Македонскиот музеј за модерна уметност (Солун) и на непрофитната организација Arcturos.
Тим Кланси живее и работи на Западен Балкан уште од почетокот на 90-тите години од XX век, прво како вработен за помош, а потоа на полето на туризмот и развојот на животната средина и социјалниот развој. Тој напишал неколку водичи за патување, вклучувајќи го Водичот за патување Bradt за Босна и Херцеговина од Велика Британија и Тирана, издаден од Thomas Cook Publishing. Тој е соосновач на Зелени визии, првиот социјален бизнис на Босна и херцеговина посветен на фер трговија и зелен развој. Во минатите десет години, тој бил вклучен во зелената страна на развојот на туризмот со УНДП, УСАИД, ЈИЦА и други меѓународни и локални агенции. Г. Кланси моментално работи на проект за регионален екотуризам, наречен Via Dinarica, мега-патека која ги опфаќа Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Јелена Ќосиќ минатите пет години била проектен менаџер за Иницијативата за истражувачко новинарство на BIRN. Таа е задолжена за истражувачките проекти под водство на BIRN HUB, „Документација на хартија за подобро управување“, за Летната школа за истражувачко новинарство и за Медиуми за сите (Media to All).
Ивана Цветковиќ Бајровиќ е висок претставник за програми при Националниот фонд за демократија (NED) каде што управува со програмата за помош на демократијата за Југоисточна Европа. Пред да му се придружи на NED во 2005 година, Ивана водела неколку проекти за развој финансирани од УСАИД низ целиот свет, работела за Информативниот центар на ОН во Вашингтон и ја поддржувала мировната мисија на НАТО во Босна и Херцеговина веднаш по потпишување на Дејтонскиот мировен договор. Г-ѓа Цветковиќ Бајровиќ работи како водечки ресурс за политички аналитичари и одлучувачи во Вашингтон за политичкиот развој на Балканот и имала многубројни гостувања во водечките меѓународни медиуми. Нејзината книга Mistakes Donors Make: Civil Society and Democracy Assistance in the Balkans била објавена во Србија во 2011 година. Ивана магистрирала на јавна администрација на Државниот универзитет Бови и се стекнала со втора магистратура по демократија и човекови права на Универзитетот во Сараево/Универзитетот на Босна. Член е и на Советот за надворешни односи.
Билјана Дакиќ Ѓорѓевиќ е извршен директор на Фондацијата Траг во Србија. Таа има повеќе од петнаесет години професионално искуство во непрофитниот сектор, со опширно знаење за развој на прибирањето финансиски средства и партнерства, стратегиско планирање, управување со програми и меѓусекторска соработка. Од 2012 до 2014 година, таа работела со Балканскиот труст за демократија (BTD), проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, управувајќи го активностите за доделување грантови во шест земји од Западен Балкан. Како директор за развој на Белградскиот фонд за политичка извонредност од 2004 до 2012 година, г-ѓа Дакиќ Ѓорѓевиќ ги поддржувала програмите фокусирани на образованието и создавањето капацитети за политички и јавни лидери во Србија и пошироко на Балканот. Во прилог на нејзините клучни области на експертиза, г-ѓа Дакиќ Ѓорѓевиќ особено е заинтересирана за прашања поврзани со правата на жените и учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки.
Зефи Димадама од јули 2010 година, управува со Меѓународниот центар за студии на Црното Море. Таа е магистер по економски и регионален развој и доктор по Политики за животна средина и регионален развој, а двата степена ги стекнала на Универзитетот Пантеон. Д-р Димадама развила голем број истражни проекти за економска политика и политика за животна средина во Грција, Германија и во Обединетото Кралство, на Универзитетот Бристол и Универзитетот во Дармштат.
Д-р Димадама е член на Научниот одбор на американското методолошко здружение (АМС), Меѓународниот комитет на Одборот за економски развој на претпријатијата, Регионалната асоцијација за наука (RSA), Европската асоцијација за урбано истражување (Eura) и на Научниот советодавен комитет на CLIMBIZ "Преглед за процена на ранливоста и влијанието на климатските промени“ (Програма на УНДП за трговија и инвестиции на Црното Море).
Ана Димитрова му се придружила на Центарот за европски политички студии во јуни 2014 година, откако дипломирала на Напредни меѓународни студии на Школата „Џонс Хопкинс“, каде се фокусирала на енергијата, ресурсите и животната средина и ја добила стипендијата ENEL Spa. Г-ѓа Димитрова моментално е фокусирана на внатрешните пазари за гас и електрична енергија во Европа, како и на безбедноста на идните политики за обновливи извори на енергија и снабдување на ЕУ.
Дорјан Дуцка од октомври 2013 година работел како Заменик министер за енергија и индустрија во Албанија. Претходно, тој работел како директор на проекти за европска интеграција и меѓународни проекти во Министерството за економија, трговија и енергија на Албанија, функција што ја вршел минатите три години, 2009-2013. Пред да ѝ се придружи на владата, г. Дуцка бил заменик меѓународен секретар на Меѓународниот оддел на Социјалистичкото движење за интеграција на Албанија, третата најголема партија во земјата. Тој има основано и се активирал во неколку албански невладини организации, како што се Албански слободен форум, Институт ИДЕА и Албанска атлантска асоцијација на млади политички лидери, кои промовираат помирување, политичка соработка и оспособување на младите во албанската политика.
Г. Дуцка е вклучен во меѓународното помирување и младинското лидерство на Балканот и Европа. Тој учествувал како говорител на настани организирани од Конгресот на САД, Домот на општините на ОК и норвешкиот Стортинг.
Г. Дуцка дипломирал на меѓународни односи на Источномедитеранскиот универзитет во Фамагуста, Кипар и се запишал на постдипломски студии за јавна политика на Кралскиот колеџ во Лондон. Посетувал дополнителна напредна обука во Temasek Polytechnic во Сингапур и Виенската дипломатска академија за енергетска дипломатија. Г. Дуцка е заинтересиран за патување, читање книги, инвестирање во соработка меѓу младата генерација, меѓународно вмрежување, помирување, трансформациски бизнис, унапредување на меѓународната безбедност и демократија, енергетска безбедност и дипломатија. Г. Дуцка е член на одборот на Albtelecom, Оператор за електроенергетски систем и на Агенцијата за природни ресурси.
Ромео Економидис е практикант во Балканскиот форум и потекнува од Одеса, Украина. Тој дипломирал на меѓународни односи на Националниот универзитет на Одеса, „И. И. Мечников“. Од 2010 до 2011 година, тој работел во организацијата АИСЕК како координатор за надворешна размена во Локалниот комитет на Одеса. Во март 2013 година, тој започнал со пракса во Министерството за надворешни работи на Украина во Киев. Моментално, г. Едономидис е запишан на магистерски студии за Политика и економија на современа Источна и Југоисточна Европа на Универзитетот на Македонија. Зборува англиски, руски, украински и грчки јазик.
Тригви Феликсон е главен советник во Скандинавскиот совет во Копенхаген. Пред да му се придружи на Скандинавскиот совет во 2010 година, тој четири години работел како шеф на одделот за животна средина и ресурси во Скандинавскиот совет на министри. Тој е економист за ресурси и работел во исландската влада во Централната банка на Исланд, Министерството за финансии и Министерството за животна средина. Исто така, работел како управен директор во една невладина организација за животна средина во Исланд.
Алкисти Флороу ги поддржува напорите за застапување, политика и стратегиско планирање на Егејската агенција за енергетика, советодавно тело на мрежа на егејски општини што работат на унапредување на целите за одржливост на нивните територии. Претходно, г-ѓа Флороу работела на политика за енергетика и клима во Европската фондација за клима во Брисел. Пред тоа, таа работела на поморски и еколошки прашања во Кабинетот на еврокомесарот за поморски прашања и рибарство и Програмата за животна средина на Обединетите Нации. За време на нејзините студии, г-ѓа Флороу била вклучена во проекти за развој што биле фокусирани на образованието и социјалната интеграција. Таа магистрирала на животна средина и развој на лондонската Школа за економија и политички науки, а дипломирала на Европски и меѓународни студии на Универзитетот Пантеон во Атина. Како матичен на говорител на грчкиот јазик, г-ѓа Флороу зборува и англиски, француски и германски, а моментално учи и шпански.
Калинка Габер е програмски директор во Институтот за социјална демократија „Прогрес“. Таа е политиколог по професија и граѓански активист по определба. Со повеќе од 10 години професионално искуство во невладиниот сектор, г-ѓа Габер, исто така, имаше краток ангажман како советник во одделот за комуникации на политичка партија и Парламентарното организирање на Собранието на Република Македонија. Г-ѓа Габер била вклучена во политичкото образование и обука на младите луѓе во Македонија и регионот; има напишано високо квалитетни анализи за моментални политички прашања и напредоци во земјата и регионот на Западен Балкан; и работела на развој на политиката во разни политички аспекти фокусирани на добро управување и владеење на правото, човекови права и основни слободи.
Илир Гаши од јуни 2014 година работел како извршен директор на Фондацијата „Славко Чурувија“ во Белград, Србија. ФСЧ е мала, но растечка фондација која работи на полето на развивање независни медиуми и новинарство во Србија. Таа има три клучни цели: поддршка на истражувачкото новинарство, развој на локални медиуми и образување студенти по новинарство/млади новинари. Професионалната историја и интересите на г-ѓа Гаши вклучуваат новинарство, човекови права, социјален активизам, јавни комуникации и рекламирање.
Денис Грац дипломирал на Правната школа на Универзитетот во Сараево и магистрирал по демократија и човекови права на Универзитетот во Сараево и Болоња. Во 2003 година, тој го положил правосудниот испит, а во 2007 година докторирал на Универзитетот во Хамбург. Неговата тема се фокусирала на систематски воени злосторства направени за време на војната во Босна, 1992-1995 година (теорија на елитоцид). Д-р Грац моментално е вонреден професор во Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии при Универзитетот во Сараево и сараевската Школа за наука и технологија. Од 2009 година, тој е Фулбрајтов стипендист на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој, во 2010 година, бил и гостински професор на Универзитетот во Хамбург, Германија.
Д-р Грац е соосновач и претседател на Naša stranka, социо-либерална политичка партија во Босна и Херцеговина. За време на државните избори во октомври 2014 година, тој бил избран за пратеник во Федералниот парламент.
Сивен Хајнц од 2001 година работел како Претседател на Фондот на браќата Рокфелер (RBF). RBF се стреми кон унапредување на поодржлив и мирен свет. Г. Хајнц бил основачки претседател на Dēmos кој работи на подобрување на виталноста на американската демократија и промовирање економски можности. Од 1990 до 1997 година, тој работел како извршен заменик претседател и главен оперативен директор на Институтот Ист-Вест (EWI) со седиште во Прага. Првите 15 години од неговата кариера ги посветил на политиката и на владината служба во Државата Конектикат. Работи во неколку непрофитни одбори и како член на Советот за надворешни односи и е соработник на Американската академија за уметности и науки.
Јулијана Хоџа во 2001 година ја основала организацијата Partners Albania и продолжува да работи на функцијата извршен директор. Таа има 20-годишно искуство во менаџмент и развој, кампањи за застапништво, обука и консултантство во Западен Балкан и на Блискиот Исток. Таа успешно работела со донатори за да обезбеди прекуокеанска помош за развој и помогнала во водењето на кампањата за национално застапништво со тоа што создала услови за основање невладини организации во Албанија. Во декември 2000 година, г-ѓа Хоџа била наградена со Меѓународната награда за достигнување ОРТ/УСАИД за придонес кон унапредувањето на граѓанското општество во Албанија. Г-ѓа Хоџа дипломирала и магистрирала на историја на Универзитетот во Тирана и се стекнала со титулата магистер на науки по бизнис менаџмент и ИКТ на Универзитетот Шефилд. Таа е стипендист на Чевнинг и на Школата „Кенеди“ на Харвард и одлично зборува англиски и италијански.
Драгана Илиќ е програмски асистент за програмата за Западен Балкан во Фондот на браќата Рокфелер. Пред да му се приклучи на RBF во 2009 година, таа учествувала во многу проекти како истражен аналитичар, а особено на полето на оценување на напредокот на иницијативите за реформи во политиките. Од 2002 до 2004 година, работела како асистент на градоначалникот на Штипце во Косово и од 2005 до 2007 година како специјалист за развој на човечки ресурси во Министерството за екологија на Србија. Магистрирала на психологија на Универзитетот во Белград. Драгана има вештини на ниво на обучувач во посредувањето како процес на решавање конфликти и како овластен конструктивистички тренер.
Недим Јахиќ е активист за човекови права вклучен во различни иницијативи во Босна и Херцеговина поврзани со граѓанското и политичкото учество. Г. Јахиќ пишува за голем број списанија и интернет-портали, главно фокусирајќи се на избори, правата на повратниците и прашања поврзани со дискриминација.
Луна Калас магистрирала на мировен менаџмент на Универзитетот во Турин и специјализира на зајакнување на граѓанското општество во транзициски и постконфликтни околности. Таа работела на зајакнување на учеството на граѓанското општество и на образовните програми преку Младинската иницијатива за човекови права во Босна и Херцеговина и Канцеларијата за цивилни прашања во Мисијата на ОН во Непал. Нејзиното искуство вклучува создавање и координирање со мрежи, истражување, прибирање финансиски средства, набљудување на човековите права, управување со конфликти, градење мир и развој на волонтерството.
Зорица Корац е магистер за животна средина и политика, магистрирала на Централно-европскиот универзитет, Будимпешта, и магистер на науки по биологија на Универзитетот во Белград. Од 2006 година, таа работела во окружната канцеларија на Регионалниот центар за животна средина (REC) во Србија, на поддршка на граѓанското општество, информирањето за животната средина и здравјето и животната средина. Г-ѓа Корац координирала со неколку проекти фокусирани на образованието за одржлив развој, вклучувајќи и развој на Green Pack, мултимедијална едукативна алатка, на спроведувањето на обуки и застапување за политички промени во регионот. Од 2013 година, г-ѓа Корац работи како експерт за локално управување во Централата на REC во Сентендре.
Зоран Кордиќ е програмски асистент на Програмата за развој на Обединетите нации во Хрватска. Г. Кордиќ магистрирал на електротехника и ги истражува социо-економските влијанија на механизмите за обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа. Има искуство во проекти поврзани со обновлива енергија и транзиција кон пониско јаглеродно општество во регионот.
Алма Ковачевиќ е координатор на проекти во Центарот за животна средина и енергија, позиција на која работи последните три години.
Феѓа Куленовиќ е ИТ експерт кој е фокусиран на управување со знаењето и информациите. Тој предава на Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина и работи со различни организации на горенаведените прашања. Тој, исто така, работи и како ИТ експерт во Проектот за зајакнување на независните медиуми на УСАД кој го спроведува Internews.
Јоанис Лионтос од септември 2014 година, е одборник за инфраструктура и енергија во Општина Јоанина. Пред тоа, тој работел како корисник на франшиза во приватна компанија за мебел. Откако дипломирал на Универзитетот „Димокрит“ во Тракија, Ксанти, тој основал свој бизнис и работел на изградбата на автопатот Егнација Одос.
Леонидас Макрис од јули 2012 година работи како советник на градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис. Неговите обврски вклучуваат работење на политичката агенда на градоначалникот како и решавање проблеми поврзани со политичка стратегија и административна промена. Од февруари 2012 година, д-р Макрис предавал политичка комуникација, компаративна политика, држава и општество, демократија и диктатура, општествени движења и историја на политички идеи на Катедрата за политички науки при Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција. Од 2010 до 2012 година, тој предавал на програмите за магистерски студии по политика и меѓународни односи на Колеџот DEI, на Универзитетот во Лондон, Регистрираниот центар, каде предавал компаративни политики, демократија и демократизација и меѓународни институции.
Д-р Маркис докторирал на политички науки на лондонската Школа за економија и е лиценциран психолог. Претходно тој се фокусирал на советување поединци со лесни психолошки нарушувања, спроведување процени на личноста и оценување на ментални состојби според DSM-III-R. Има одлично познавање на грчки, англиски и шпански јазик.
Антонис Метаксас е предавач по европско прави на Универзитетот во Атина и е визитинг професор по енергетско право на Меѓународниот грчки универзитет. Исто така, тој е управувачки партнер во правната фирма Metaxas & Associates. M&A е истакната правна фирма со доминантно присуство на грчкиот правен пазар, особено на полето на нејзината главна специјалност – енергија, деловно право и прашања поврзани со законите на ЕУ. Д-р Метаксас е претседател на одборот на Институтот за помош на Грција и Институтот за регулирање на енергетиката.
Јелена Милиќ е меѓу највлијателните политички аналитичари во Србија и Западен Балкан. Претходно, таа работела со поранешниот Министер за надворешни работи на Сојузот на Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ, за време на неговиот мандат во Пактот за стабилност на Југоисточна Европа во Одделот за демократија и човекови права. Пред тоа, таа работела како политички аналитичар и истражувач за Меѓународната кризна група.
Камеон Мантер во 2012 година се пензионирал од Надворешната служба на САД. Тој сега е советник на инвеститори на Балканот, Централна Европа и Јужна Азија и е професор по меѓународни односи на Колеџот „Помона“ во Калифорнија. За време на трите децении работа во дипломатијата, тој бил амбасадор во Пакистан и Србија и служел во Ирак, Полска и голем број други задачи во Вашингтон и во странство.
Самира Нухановиќ Рибиќ моментално е научен соработник во Иницијативата за надворешна политика на БиХ, каде нејзината работа се фокусира на проекти што обработуваат прашања за рурален развој во Босна и Херцеговина. Таа е на докторски студии на Школата за социјални науки, Универзитетот на Тренто и Европскиот центар за истражување задруги и општествени претпријатија во Италија. Нејзиното истражување се фокусира на потенцијални задруги за решавање на владините и пазарните пропусти и земјоделство преку алтернативни начини на конципирање на руралниот развој во демократски дефицитарната Босна и Херцеговина. Г-ѓа Нухановиќ Рибиќ дипломирала на меѓународни односи на Меѓународниот исламски универзитет, Малезија, и магистрирала на меѓународни односи на Универзитетот на Кембриџ, ОК. Во минатите десет години, таа работела во академски институции, со јавни службеници, како политички советник, и со голем број на невладини организации во Босна и Херцеговина и странство.
Ариадне Папагапитос е програмски директор за програмата за градење мир на Фондот на браќата Рокфелер. Пред да му се придружи на Фондот во 2007 година, таа водела проект за микрофинансирање со невладината организација од Бангалор, Индија. Исто така, работела како истражувач за адвокат за човекови права во Лондон, во УНФПА, и за високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) во Атина, Грција. Г-ѓа Папагапитос, исто така, била менаџер во одделот за Медиумски села на Олимпискиот комитет на Атина во 2004 година, каде помагала во координацијата на меѓународни медиумски делегации што известувале од Грција. Таа магистрирала на човекови права со фокус на правото за човекови права, на лондонската Школа за економија и политички науки, а дипломирала на класични студии на Колеџот „Јунион“ во Кенија, каде студирала и работела. Моментално, таа е на функција во одборот за Rising Tide Capital, организација која им помага на претприемачите што се соочуваат со потешкотии во сиромашните урбани заедници да воспостават јак бизнис и да создадат одржливи соседства, а таа го претставува RBF на Советот на Фондот Connect U.S. и во управниот одбор на Групација на основачи за мир и безбедност. Член е и на Советот за надворешни односи.
Хари Папапанагос е професор по економија на катедрата за Балкански, словенски и ориентални студии на Универзитетот на Македонија и визитинг професор на Грчкиот меѓународен универзитет и Врховниот воен колеџ. Тој е член на научниот персонал на Грчкиот отворен универзитет, основачки член и член на советодавниот одбор на Европското економско и финансиско општество и научен координатор за истражувачки проекти финансирани од Европската унија. Г. Папапанагос работел како заменик ректор на Универзитетот на Македонија и како шеф на катедрите за Балкански, словенски и ориентални студии и за Менаџмент и технологија. Тој бил визитинг професор на Командно штабниот колеџ на армијата, на катедрата за Психолошки операции и на Полициската академија. Г. Папапанагос, исто така, работел како советник на британскиот Дом на лордовите и како економски советник на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Јулијан Попов е соработник во Европската фондација за климатски промени, претседател на Институтот за градење на ефикасност на Европа и како советник за енергетска безбедност на Претседателот на Бугарија. Тој ја води Мрежната иницијатива на Југоисточна Европа, која катализира соработка за енергетска политика на високо ниво меѓу земји од поширока Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Турција и Западен Балкан. Г. Попов е поранешен Министер за животна средина на Бугарија, основачки заменик канцелар и тековен член на одбор на Новиот бугарски универзитет, поранешен претседател и тековен член на одбор на бугарската Школа за политика и соосновач на туниската Школа за политика, основана по Арапската пролет. Г. Попов е автор на две книги и редовно објавува публикации за тековни прашања и за енергетска политика.
Хелена Киричи е програмски координатор на Балканскиот форум. Моментално, таа е запишана на магистерски студии за политика и економија на современа Источна и Југоисточна Европа на Универзитетот на Македонија во Солун, Грција. Хелена дипломирана на политички науки и јавна администрација на Универзитетот „Каподистриан“ во Атина. Таа работела како практикант на програмата за Западен Балкан во Фондот на браќата Рокфелер и за УНХЦР во Тирана, Албанија. Одлично зборува англиски, албански, грчки и има основни познавања од италијанскиот јазик.
Борис Раониќ е од Подгорица. На почетокот на 90-тите години од XX век, тој бил активен член на политичката партија LSCG и, за време на неговите студии на Правниот факултет, основал неколку од првите невладини организации во Црна Гора. Претходно, од 2000 година, г. Раониќ бил новинар и работел во Нансен дијалог центарот.
Г. Раониќ е автор на голем број статии од областа на дијалог, толеранција, политичка култура, решавање спорови и е продуцент на два документарни. Г. Раониќ порано бил член на Националниот совет за европски интеграции и моментално е директор на Школата за демократско лидерство. Тој е член на неколку управни тела за невладини организации.
Дамијан Седар од 2000 година работел во Министерството за надворешни работи во Словенија. Г. Седар извршувал функции во конзулатот во Минхен, канцеларијата на Постојаниот претставник на ЕУ во Брисел, како политички советник во Скопје и како шеф на одделот за Западен Балкан во министерството во Љубљана. Од 2012 година, г. Седар работел со Специјалниот претставник на ЕУ во Косово во врска со регионална соработка на Западен Балкан. Дипломирал на меѓународни односи на Универзитетот во Љубљана. Г. Седар одлично зборува словенечки, англиски, германски, српско-хрватски, македонски и француски јазик и има основно познавање од албанскиот и од јазикот фарси.
Дардан Сејдиу од јануари 2014 година е земник градоначалник на Општина Приштина. Две години тој работел како управен директор на Nest Kosovo, друштво за производство со ограничена одговорност со седиште во Лондон. Четири години тој бил претседател на управниот одбор на Словенечко-косовскиот пензиски фонд и бил одговорен за целокупниот менаџмент на фондот и неговите средства. Четири години работел како директор за банкарство на мало во ПроКредит Банка, најголемата комерцијална банка во Косово. Г. Сејдиу дипломирал на бизнис администрација и политички науки на Американскиот универзитет во Бугарија, магистрирал на Школата за менаџмент - IEDC во Блед, Словенија и е соработник во Германскиот маршалов меморијален фонд. Г. Сејдиу е член на Движењето за самоопределување и три години бил член на неговото претседателство.
Јасна Секуловиќ работ како проектен менаџер во ГИЗ - Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност и е одговорна за соработка со училиштата за политички студии во Југоисточна Европа на проектот „Јавен дијалог за одржлива употреба на енергијата во Југоисточна Европа“, како и на проектот за подигање на свеста за енергетска ефикасност во главните градови во Југоисточна Европа. Од 2008 година, г-ѓа Секуловиќ работела во ГИЗ на голем број различни проекти од областа на енергетска ефикасност.
Никос Сервос е практикант во Балканскиот форум. Претходно, работел како помошник-директор, технички директор и управен директор на Групацијата NGP Newman, снабдувач на професионални звучни системи Г. Сервос дипломирал на меѓународни односи и дипломатија на Американскиот колеџ во Солун и одлично зборува грчки и англиски јазик.
Рајан Стонер во јуни 2014 година станал шеф на Политичкиот и економскиот оддел при Американската амбасада во Скопје, откако претходно три години работел како заменик шеф на оддел. Пред Скопје, г. Стонер работел како економски служебник во Отава и Пекинг и конзуларен службеник во Тајпеј. Пред да се приклучи кон надворешната служба во 2002 година, Рајан бил финансиски советник во Waddell & Reed, Луисвил, Кентаки. Тој дипломирал на економија и управување на Централниот колеџ во Денвил, Кентаки.
Пол Стабс е социолог роден во Велика Британија кој од 1993 година живее и работи во Хрватска. Неговите главни интереси за истражување, активизам и застапништво вклучуваат општествени движења, социјална заштита, права на децата и еколошко-социјални политики во Југоисточна Европа. Тој бил избран за член на хрватскиот Совет за наука, високо образование и технологија.
Деспина Сири е советник во одделот за политика во Советот за регионална соработка. Претходно била директор за истражување и меѓународна соработка во Институтот за имиграциона политика во Грција, а има соработувано со Ројтерс, Атинската новинска агенција, Берлинската мрежа за миграција, Британскиот совет, Центарот за студии за бегалци на Оксфорд, ЕЛИАМЕП, Универзитетот на Деусто и Институтот Ист-Вест за прашања на развој, човекови права, социјална инклузија, миграција, азил, граници и интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и за набљудување на избори со ОБСЕ/ОДИХР. Г-ѓа Сири предавала политички науки и политичка антропологија на Американскиот колеџ во Солун, работела со меѓународни и невладини организации во Јужна Африка, Источна Европа и Југоисточна Европа, има објавено статии во весници и поглавја од книги на грчки, јужнословенски и англиски јазик и е автор на научни трудови, граѓански медиуми и документарци.
Марика Терос е претседател на советодавниот одбор на Балканскиот форум. Таа е професионалец за управување и човекови права со повеќе од десет години работно искуство во пресекот на јавната политика, академските институции и развој на ниво на области. Г-ѓа Терос работела како консултант и истражувач за владини организации, организации од граѓанското општество и јавна политика. Таа работела и објавувала трудови за лондонската Школа за економија поврзани со прашања за конфликт, безбедност и правда, а работела и на програми за развој на граѓанското општество, човековите права и трудот во Авганистан, Либан, Србија и Катар.
Хоскулдур Торхалсон од 2007 година е пратеник во Алтинги, Парламентот на Исланд. Тој е член на Комитетот за животна средина и комуникации на Алтинги и работел на функцијата претседател од 2013 година. Г. Торхалсон од 2013 година, бил член и претседател на исландската делегација во Скандинавскиот совет, меѓупарламентарното тело на Данска, Фарските Острови, Финска, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Аланд. Од 2015 година, бил претседател на Скандинавскиот совет.
Јоргос Триантафилу е научен соработник на Програмата за Југоисточна Европа во Фондацијата за европска и надворешна политика на Хелсинки (ELIAMEP).Неговите научни интереси вклучуваат меѓународни односи и безбедност; конфликт на Балканот; меѓународни институции и мировни операции; градење мие и држава, НАТО и ОН. Г. Триантафилу докторирал на анализа на меѓународни конфликти на Универзитетот во Кент, со посебен фокус на обезбедување безбедност за време на мировни операции на Балканот. Пред да се приклучи кон ELIAMEP, г. Триантафилу бил консултант за Западен Балкан и за мировни програми на Фондот на браќата Рокфелер и дал свој придонес кон Балканскиот форум во 2013 година. Тој е член на Здружението за меѓународни студии и презентирал различни документи на голем број меѓународни конференции. Меѓу 2008 и 2012 година, г. Триантафилу бил асистент на Универзитетот во Кент каде предавал меѓународна историја, меѓународни односи и меѓународно управување. Г. Триантафилу зборува грчки, англиски, француски и има основно познавање на српскиот јазик.
Ларус Валгардсон од 2006 година, работел како советник по меѓународни прашања во Парламентот во Исланд.Понатаму, Г. Валгардсон од 2006 година, бил секретар на исландската делегација во Скандинавскиот совет, меѓупарламентарното тело на Данска, Фарските Острови, Финска, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Аланд.
Добрица Веселиновиќ дипломирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград. Тој последните 10 години бил активен во граѓанскиот сектор, а во последните неколку години тој се бори за јавни простори и поголемо учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, особено во прашањата за урбан развој. Области на интерес на г. Веселиновиќ се политичка теорија, екологија и урбан развој и контра-културни движења. Посетил голем број летни школи, семинари и дебати во Србија и во странство.
Љубиша Вренчев е автор на голем број публикации и е експерт по комуникации и нови технологии. Од 1997 година, тој работел во разни национални и меѓународни невладини организации за миграција и анти-дискриминација во Грција и организации за локален развој и присилна миграција во Србија, ПЈР Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска. Тој работел како консултант за Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP),Cooperazione Italiana и Меѓународната организација за миграција, и тоа на истражни проекти фокусирани на проценка на бегалските кампови и на развој на политики за одржливо враќање на српските внатрешно раселени лица од Косово. Г. Вренчев магистрирал на локален развој на Балканот на Универзитетот во Тренто. Тој бил ангажиран како предавач на голем број семинари и конференции. Моментално, тој е програмски директор на „Симбиоза“, а претходно бил програмски координатор во белградскиот Фонд за политичка извонредност и менаџер на Иницијативата за јавен дијалог за одржливо користење на енергија во Југоисточна Европа.
Емануил Вурнос дипломирал на архитектура и магистрирал на заштита. Тој работел на проекти за заштита и за современа архитектура во историски контекст. Темите на неговите истражувања ја опфаќаат историската архитектура на Островот Хиос од XIV век. Има објавено публикации за црковна архитектура, доцносредновековни фортификации, потеклото и еволуцијата на населбите и архитектурата на замоците. Во мај 2014 година, г. Вурнос бил избран за Градоначалник на Хиос, водејќи група луѓе што никогаш претходно не биле вклучени во политиката.
Бодо Вебер е виш соработник на Советот за демократизација на политиката (DPC).Тој е долгогодишен аналитичар на политиката и општеството на Западен Балкан, Германија и Заедничката европска надворешна и безбедносна политика, трансатлантски односи, унапредување на владеењето на Западното право и реформи во секторот за безбедност. Г. вебер, исто така, работи како политички консултант за политички фондации и меѓународни организации во Германија и на Балканот. Во 90-тите години од XX век, тој работел како уредник во весникот Perspektiven (Франкфурт/Мајна) и бил на функцијата член на одбор на Босанско биро Франкфурт. Тој има објавено голем број статии и аналитички документи за политиката и општеството на Балканот и за постконфликтно градење мир, демократизација и надворешната политика на Германија. Г. Вебер, исто така, објавил статии и колумни во разни весници и списанија и редовно се појавува како коментатор во медиумите во Југоисточна Европа. Г. вебер магистрирал на политички науки на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт/Мајна. Живее во Берлин.
Александер Војда пораснал во Виена. Тој магистрирал на дипломатија, право и глобални промени на Универзитетот Ковентри во Велика Британија, а докторирал на право на Универзитетот на Инсбрук, Австрија. Во 1999 година, започнал со дипломатска кариера во Канцеларијата на правниот советник при Министерството за надворешни работи на Австрија. Тој работел и во Хаг (2001), на постојаните мисии на Австрија во ОН во Виена (2002) и Женева (2003-2006), како и во австриската амбасада во Софија, каде што за првпат се сретнал со Балканот, 2007-2010.Од јули 2010 до јули 2014 година, г. Војда работел во дирекцијата за култура на Сојузното министерство за Европа, Интеграција и надворешни работи во Виена, каде што бил шеф на работната група "Дијалог на културите“.Од август 2014 година, г. Војда бил Заменик шеф на мисија, а од февруари 2015 година, бил заменик амбасадор во Амбасадата на Австрија во Атина.
Мирослав Живановиќ моментално работи за Центарот за човекови права на Универзитетот во Сараево. Тој е одговорен за неговите програми и проекти во областа на човекови права и образование, известување и истражување. Г. Живановиќ дипломирал на Универзитетот во Сараево, на компаративна литература и библиотекарство, а магистрирал на државната управа и хуманитарни прашања на Универзитетот во Сараево, Универзитетот во Белград и Универзитетот во Рим, „La Sapienza“.
Константина Зоерер е политички научник и социјален истражувач со искуство во политичкото и социјалното застапништво, јавна политика, социјално претприемништво и иновации, општества/неформални групи со инклузивни пазари на труд и меѓукултурен дијалог и соработка. Во 2013 година, таа станала соосновач на 180º (180 Moires), социјално претпријатие, кое работи со социјално и економски исклучени групи заради истражување, проектирање и развој на алатки и решенија за трансформација на невработеноста.
Г-ѓа Зоерер е член на Светскиот економски форумGlobal Shapers и член на Проектот за меѓународни компаративни модели на социјални претпријатија (ICSEM).Во 2014 година, таа ја добила наградата „Млад иноватор“ од А. Т. Керни – Лабораторија за стипендии Falling Walls за работата на 180 Moires во инклузивното вработување.