Како функционира Балканскиот форум: Откривање на потенцијалот за покренување регионални промени
Балканскиот форум служи како платформа за собирање на различни лидери од различни сектори: граѓанско општество, приватен сектор и влада. Тој дејствува како неутрален посредник и олеснувач при утврдување можности и катализирање ветувачки иницијативи за соработка и ќе се потпира на ресурсите, средствата и односите за да инкубира и развие заеднички стратегии за промени. Форумот свесно ќе поттикне експериментирање и иновација, особено во пристапот до владите за создавање консензус, ќе спроведува идеи во дејства и ќе се придржува до реториката за соработка во спроведување на реална политика.
Кој е вклучен: Поврзување партнери и ширење гласови
Балканскиот форум има за цел да поврзе различни иницијативи, повеќе засегнати страни и нови социјални претприемачи со цел да овозможи соработка и да го зголеми влијанието. Преку постојан дијалог со сè поголема мрежа на лидери од граѓанското општество, академските институции, бизнисот и владата, Форумот им помага на своите партнери да утврдат можности за заедничко дејствување, да развијат координирани стратегии и да создадат меѓусебно договорени агенди за дејствување. Форумот е посветен на ангажирање на младите мислители и иновативни претприемачи и на ширење прогресивни гласови. Тој ќе спои веќе утврдени и новосоздадени иницијативи и ќе ја зајакне работата на голем број поединци и организации што се подготвени на прекугранична соработка и соработка со разни сектори што целат кон постигнување на заедничките регионални развојни цели.
Работни рамки на Форумот: Дефинирање на регионот и опфатот
Балканскиот форум има широк, флексибилен поглед кон балканскиот регион и нема за цел да исклучи која било од земјите. Како почетна точка, Форумот се фокусира на Западен Балкан и Грција – регион што опфаќа земји што се стремат кон членство во ЕУ, а што се наоѓаат меѓу најстарата земја-членка на ЕУ од Балканот (Грција) и најновата (Хрватска). Во утврдувањето на тековните активности, Форумот ја шири неговата комуникација со Бугарија, Романија и Турција. Форумот не е фокусиран само во рамките на регионот, туку ја зема предвид и позицијата на истиот во врска со повеќе други региони, во и надвор од Европа. Тој се стреми да учи од успесите и недостатоците на други регионални иницијативи.
Водечки концепти во работата на Балкански форум