Економски развој, енергија и животна средина

Човечки капитал и пазари на трудот 

Пристапи за регионално образование

Развој на туризам и инфраструктура

Благодарение на својата географска локација, богатите природни ресурси, мешовитата медитеранска и континентална клима и силата на човечкиот капитал, Балканот е на многу поволна позиција со важни компаративни предности на животната средина. Со доволна политичка волја, интелектуален капацитет, лидерство во граѓанското општество и одлучноста да учат од минатото, земјите од овој регион можат да изградат економија на обновлива енергија и да стане пример за континентот.

Економските предизвици со кои балканските земји се соочуваат денес, претставуваат можност за реформа што не само што ќе го покаже на регионот вистинскиот пат кон развојот, туку и ќе ги ревитализирани неговите млади демократии. Луѓето во регионот сакаат развој кој ќе овозможи вработување, ќе гарантира достоен живот и ќе промовира мудро користење на природните ресурси. 

Кога станува збор за соработка во однос на заедничка зелена економија, регионот не почнува од почеток, а Балкански форум ќе работи на тоа да ги олесни појавата и спроведувањето на ветувачки нови идеи и ќе помогне во мобилизирањето на ресурсите и инвестициите што ја унапредуваат соработката. Договорот за енергетска заедница потпишан во Атина во 2005 година е почетна точка, бидејќи покажува дека регионот може да поддржува договори што создаваат интегрирани пазари врз основа на заеднички интереси и солидарност. Тој покажува дека Балканот може да се подготви не само да прима и да користи европска помош, туку и значително да придонесе кон стабилност, развој и независност на секторот за енергетика на ЕУ.



Човечкиот капитал се еден важен фактор од економскиот раст и развој и претставуваат извор на конкурентни предности. Земјите на Балканот ќе имаат корист од подобрена конкурентност на пазарот на труд и зголемени инвестиции во образованието, науката и технологијата што водат кон квалификуван човечки капитал.

Додека има постојани напори за јакнење на регионалната трговија и поттикнување развој на приватниот сектор, голем дел од населението останува без работа, ограничувајќи го економскиот развој, зголемувајќи ја нееднаквоста и слабеејќи ги заедниците. Предизвиците, меѓу другите проблеми, што мора да се решат вклучуваат слаба координација меѓу образовните политики и политики на пазарот на труд, дебаланс меѓу побарувачката и понудата на работна сила поврзан со несовпаѓање на квалификациите, неадекватни системи за предвидување на трендовите и бараните квалификации на пазарот на труд, политички, бирократски и институционални пречки кај претприемништвото, иновациите и основањето нови друштва, недоволен степен на истражување и развој, и пречки за слободно движење на работната сила. Олеснувањето на создавањето на регионален пазар на труд ќе бара посебно внимание во усогласувањето на системите за образовните и обука во регионот и надградување на капацитетите за истражување во истиот.

Подобрувајќи ги способностите на регионот, Балкански форум се труди да мобилизира потесна регионална соработка за да го поттикне развојот на човечки капитал и да го подобри функционирањето на регионалниот пазар. Правејќи го тоа, тој помага во градење консензус за придобивките од еден пофлексибилен регионален пазар кој може да конкурира во една меѓусебно поврзана глобална економија. Праксата на развој покажува дека чекорите преземени за развивање на човечкиот капитал, а што се поврзани со зголемена мобилност на работна сила и инклузивни социјални политики, можат да ја зголемат целокупната конкурентност, да ја намалат сиромаштијата и да го зајакнат управувањето на сите нивоа.

Образованието е темел на економскиот развој на регионот и на неговата интеграција во европските и глобалните заедници. Тесната соработка за практични образовни иницијативи може да произведе придобивки што ќе ги подобрат животот и перспективите на сите граѓани.

Додека постојат голем број тековни напори за задоволување на потребите на регионот поврзани со образованието, остануваат и неколку конкретни предизвици како што се: потешкотии во степенот на признавање во земјите, ниски нивоа на соработка меѓу универзитети во регионот и недостиг од наставни програми што ќе ги подготват учениците за најконкурентните работни места што постојат денес. Образовната миграција во Западна Европа што се јавува како резултат на тоа го лишува регионот од вредни човечки ресурси.

Балкански форум цели кон тоа да помогне да се изгради една модерна, напредна балканска образовна заедница, заснована на богатата историја и културна позадина на Балканот, која на крај ќе стане составен дел од европската образовна заедница.

Балканскиот регион е на далеку познат по неговите импресивни крајбрежја, гастрономско наследство, културни традиции и земјоделски производи што секоја привлекуваат стотици илјади посетители. Економската моќ на туризмот може да е прошири преку регионални иницијативи за туризам што ќе ги промовираат културното наследство и диверзитетот на Балканот и што ќе ја зајакнат инфраструктурата на регионот преку поврзување на поедини земји. Таквите иницијативи би обезбедиле финансиски приходи за руралните и урбаните заедници низ целиот регион и ќе ги зајакнат врските меѓу луѓето.

За да ги искористи тие можности, регионот има потреба од подобра јавна едукација за потенцијални придобивки од туризмот и за иницијативи што се еколошки, економски и културно одржливи. Подобрувањето на регионалната инфраструктура, исто така, ќе создаде услови за подобрен регионален туризам, вклучувајќи железнички линии за полесно движење на туристи, регионални иницијативи за образование и обука и полесна прекугранична миграција за баратели на работа.

Балканскиот форум се стреми да стане катализатор за потесна регионална соработка за развој на туризмот и инфраструктурата што ќе помогне во создавањето визија за развој на регионален туризам и ќе промовира заедничко културно наследство, во исто време славејќи ја разновидноста на регионот.



Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO