Авни Дервиши, советник за меѓународни односи и интеграција во ЕУ, кој живее во Шведска, зборува за улогата на дијаспората врз социо-економскиот и политичкиот развој на регионот на Балканот и Југоисточна Европа и за градењето на мостови на соработка и партнерство меѓу заедниците на дијаспората, општествата од регионот, како и меѓу земјите во кои живеат и потекнуваат.
Тој вели дека луѓето од дијаспората доаѓаат во земјите од каде што потекнуваат со слободна волја за да ги понудат своите планови, но дека владите треба да бидат повеќе проактивни и да ги поздрават, и да не ја користат дијаспората за да ја промовираат или да ја постигнат својата политичка агенда, туку да ја искористат дијаспората како важен ресурс и придонесувач за економски, социјален и политички развој.
Авни вели дека поради конфликтите од неодамнешното минато, многу луѓе од регионот биле принудени да ги напуштат своите земји; дека регионот е меѓусебно поврзан со тоа што случувањата во една земја имаат влијание во други земји; и дека дијаспората е засегната од случувањата што се случуваат во нивните земји на потекло.
Тој нагласува дека дијаспората треба да одигра улога како изградувач на мостови меѓу општествата и меѓу нивните земји на живеење и земјите на потекло. Отворањето на вратите во Шведска за владите во регионот и различните политички партии е она што Авни продолжува да го прави и верува дека ова го подобрува меѓусебното разбирање, размена и соработка.
Авни истакнува дека веб-страницата на шведскиот парламент на албански, српски, хрватски, босански, турски и други јазици, http://www.riksdagen.se/sv/sprak/other-languages/ е добар пример за тоа како демократијата во Шведска функционира.
Тој смета дека земјите од Западен Балкан кои сеуште не се членки на ЕУ би можеле да научат од Хрватска и важната улога што ја имаше хрватската дијаспора во процесот на интеграција и пристапување; така да дека треба уште многу да работи дијаспората во промовирање на инвестиции, од земји како што се Србија, Косово, Хрватска (и Романија) кои имаат направено многу за ова прашање. Исто така и Молдавија може да биде добар пример за тоа како тие треба да работат со експерти од дијаспората за да промовираат одржлив демократски и економски пристап базиран на потребите на државата.
Тој нагласува дека младите, жените и лицата со посебни потреби имаат тенденција да размислуваат повеќе за компромиси и се поотворени и посветени на регионална соработка; дека различната дијаспора има различни цели и пристап кон регионалниот развој и соработката; дека првата генерација на дијаспората може да биде повеќе засегната ( нивните идеи и перцепции повеќе се засновани) од она што се случило во регионот како резултат на неодамнешните конфликти; дека втората и третата генерација на дијаспората, од кои некои дури и не го зборуваат својот мајчин јазик, може да бидат поотворени да учат за земјите од регионот, со размена и соработка.
Авни предлага да се работи повеќе во однос на организирање на заеднички собири и работа на заеднички проекти, за кои постои финансирање од страна на ЕУ, бидејќи таквите иницијативи придонесуваат за стабилност, развој и регионална соработка.
Тој го завршува интервјуто со пораките: "Размислувајте 200% напред; обединете ги вашите напори за постигнување голем успех; работете со младите, жените и лицата со посебни потреби; да стигнете до нас во дијаспората, каде што сме спремни да помогнеме и подготвени да соработуваме. Користете нè! "
Watch the short version of the interview with Avni Dervishi
Watch the FULL version of the interview with Avni Dervishi