Тимовите во ,,100mentors” - образовна технологија/ технологија за добра компанија, се страстно мотивирани во градењето на производ што им овозможува на студентите да станат архитекти на сопствената иднина, и да ги развијат своите критички размислувања, меѓународна ориентација и интелектуална смиреност. ,,100mentors” создаде мобилна и веб-апликација која им овозможува на менторите да се поврзат со ментори од целиот свет, во моментов поврзувајќи млади од 33 различни земји, вклучувајќи 22 000 млади од целиот свет со над 4 000 ментори, експерти и професионалци што можат да одговорат нивните прашања. ,,100mentors” го прави ова со ставање на прашање преку истражувачко учење во центарот на нивната мисија. Тие ги охрабруваат луѓето да поставуваат прашања, дали станува збор за ориентација во кариерата, образованието и знаењето или за начини за да станат активни граѓани во нивните земји. Тие ги поврзуваат со менторите кои можат да им дадат одговори, увид и повеќе перспективи на многу важни теми, како климатските промени, образованието, експоненцијалните технологии, медиумската писменост, лажните вести, социјалните медиуми, како функционираат политиките, како влијаат конфликтот и војната во глобалната политика. Ова им покажува на ,,100mentors” дека во општеството младите луѓе се многу загрижени за овие теми. Темите и прашањата ги поставуваат заедниците што го користат софтверот, додека софтверот ,,100mentors” им овозможува дискусии на тие теми.
,,100mentors” разви партнерства со многу различни актери, на пример со ,,The Tipping Point” во Грција и ,,The Prince’s Trust”. Здружените напори со партнерите е огромна предност за да се биде специјализиран, со поширок географски дострел и да се постигнат заедничките цели. Работата на ,,100mentors” помага да се развие можноста на младите луѓе да останат љубопитни, да испитуваат и да се поврзат со светот. Тие започнаа да работат со училишта, но се проширија во неформалние средини за учење, каде што се среќаваат со многу повеќе заедници, како невладини организации и организации кои бараат да се поврзат со менторите или да ги прошират своите хоризонти. Тоа можат да бидат приватни или јавни училишта, незаштитени заедници или оддалечени области. Тие работат да им дадат можности на луѓето да можат да се поврзат со знаење и управувачки модели на кои не би им се пристапило на поинаков начин.
Погледнете го Webinar - целата дискусија со Јоана.
За да дознаете повеќе за 100mentors и / или да стапите во контакт со Јоана и нејзините колеги, за истражување потенцијално партнерство и соработка, следете го овој линк https://www.100mentors.com