Дискусија со Маја Андреу, извршен директор на ,,River Energy Community” - Атина, Грција

 River Energy Community (CER) е почетена бизнис компанија што го поддржува креирањето на енергетска заедница во Грција (за што има и законска регулатива во Грција), на начин што локалните граѓани произведуваат и трошат своја, чиста енергија. Граѓаните се во фокусот на работата и интервенциите на ЦЕР, и веруваат дека знаењето и учеството им овозможува на луѓето да добијат најдобри можни придобивки и од економски поглед, но и од животната средина. Целта на ЦЕР е да ги воведе граѓаните да  играат активно во улогата во енергетската транзиција. Целта е енергетскиот систем да се оддалечи од централизираниот во децентрализираниот, за што ЦЕР смета дека би бил поправеден и најмногу ќе им користи на луѓето. Тие собираат луѓе од различни сектори, вклучувајќи наставници, инженери, хонорарни преведувачи, јавни службеници, стари и млади, и оние кои ја сакаат новата технологија, природната енергија и сакаат подобра иднина за земјата, да зборуваат за соработки и зошто е важна зелената енергија.

Погледнете го подолу трејлерот со Маја.

ЦЕР води проект финансиран од јавниот зелен фонд кој се фокусира на енергетски задруги, заштеда на енергија и зелена енергија. Тие имаат инсталирано мал соларен парк за граѓаните да научат како се произведува зелената енергија; и тие развиваат мрежи за потребна соработка меѓу различните актери во оваа област.

Најважната лекција научена од ЦЕР е дека на луѓето им е потребна поддршка и мотивација за зајакнување на соработката, и доколку се работи на фер и одржлив начин, како резултат ќе се случат добри работи. Тие работат со училишта и истражуваат како со мали енергетски мерки може да се подобри ситуацијата.  Да се работи со ученици е доста голема награда бидејќи тие сакаат да учествуваат и да знаат како да ги подобрат работите. Значаен исход од нивната работа и застапување е почетокот на првата енергетска кооперативна соработка во Атина, која започна во последната недела од октомври 2019 година. Исто така, тие развиваат мрежа на училишта и работат на нивно зајакнување со повеќе партиципативен начин за преземањето на мали енергетски интервенции .

Тие соработуваат со различни актери во Грција, но и на Балканот, а оваа година Маја учествуваше на натпреварот „Филантропија за зелени идеи“ во организација на ,,Балканската зелена фондација” во Тирана, Албанија, каде ЦЕР ја освои првата награда. Ова беше можност за ЦЕР да воспостави контакти и да размени своите искуства со нови можни партнери.

Погледнете го подолу Webinar - целата дискусија со Маја.

Во ноември 2019 година, ЦЕР ќе учествува на конференција во Њујорк за одржливост, и ЦЕР ќе поттикне дискусии за енергетскиот сектор на Балканот, каде ќе се произведува Бела хартија.

За да дознаете повеќе за ,,Energy Community River” и / или да стапите во контакт со Маја и нејзините колеги за да го истражите потенцијалот за партнерство и соработка, следете го овој линк https://communityenergyriver.com

 





Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO