Движењето за одржливост на храната е почетна социјална организација која во моментов ја водат пет лица, инспирирани од Целите за одржлив развој, етичката потрошувачка и производство. Таа работи на справување со отпадот од храна и промовирање на одржливост во грчката угостителска индустрија, особено промовирање на одржлива гастрономија во луксузни хотели и ресторани. Тие во моментов создадоа апликација за отпад на храна за грчкиот пазар и промовираат иновации преку едукатицна програма која служи како основно решение за решавање на овие проблеми, вклучително и обука на угостителски работници. Тие соработуваат со национални и меѓународни актери, како што се „Impact Hub“ во Атина, Француската и Шведската амбасади, ,,Polish Circular Hotspot and a German think tank”, и ,,Reload Greece” во Лондон.
Погледнете го подолу трејлерот со Ви-
За придвижување кон одржливоста, клучна е промената на начинот на размислување на луѓето. Образованието, будењето на свеста, претприемачките настани и како најважно - добрата волја, можат да помогнат во постигнувањето на ова.
Нивното мотото е: „употребувај храна – без загуби - без фрлање“.
Погледнете подолу на Webinar - целата дискусија со Ви.
За да дознаете повеќе за ,,Движењето за одржливост на храната” или доколку сакате да стапите во контакт со Ви и нејзините колеги, како и да го истражите потенцијалот за можно партнерство и соработка, следете го овој линк https://www.sustainablegastronomy.eu