Учењето едни од други е клучот за посветла и просперитетна иднина за сите

Исидора Секулиќ Шоч е уредник на Радио Телевизија на Црна Гора. Таа смета дека преку добра соработка и добра мрежа меѓу земјите од регионот ќе бидеме одведени кон посветла и попросперитетна иднина.

Г-ѓа Секулиќ Шоч смета дека суштината за здрава соработка меѓу земјите во регионот се добри разговори, мрежи и прифаќање на заедничките вредности кои сите ги споделуваме. Како такви, луѓето од регионот треба да бидат блиску едни до други и да се поврзат со цел да се постигне соработка која ќе доведе до благосостојба на сите наши народи.

Понатаму, г-ѓа Секулиќ Шоч вели дека земјите од регионот минуваат низ историски процес на обид да станат членки на Европската унија. Така, сите ние треба да се трудиме да соработуваме и да живееме во хармонија особено за идните генерации. Секоја држава треба да го изврши својот дел во процесот на исполнување на барањата, меѓутоа, сите треба да размислуваат за патот кој што ќе не води сите нас заедно во големото семејство на ЕУ.

Конечно, ние, луѓето од овој регион, сите ги делиме заедничките вредности и како такви треба да ги споделиме и да соработуваме едни со други. На пример, Црна Гора постигна одреден напредок во процесот на интеграција во ЕУ. Косово може да научи од ова искуство и да ја искористи Црна Гора како извор на инспирација и соработка за постигнување на истото достигнување. Затоа, верувам дека соработката како овој пример ќе го води регионот кон постабилна и просперитетна иднина за која сите се стремиме.

Watch interview with Isidora Sekulić Šoć

 

Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO