Соработката е win-win за сите, па ајде да се подигнеме над минатото и да зборуваме за нешта кои не обединуваат

Роберт Пшелец работи како виш офицер за Русија и Западен Балкан во Одделот за јавна дипломатија во седиштето на НАТО. Во своето интервју, г-дин Пшел повеќе се фокусираше на важноста на соработката меѓу земјите од регионот како единствен пат за напредок.

Г-динот Пшелец посочи дека историјата на Балканот е комплицирана, меѓутоа, ако има лекција што треба да се научи од сопствените искуства е луѓето да прифатат дека конфликтот е минато, а не иднина. Почитувањето на одредени стандарди дали тие се НАТО или ЕУ на крајот од денот се позитивни за земјите од регионот, како што се владеење на правото, борба против корупцијата, зајакнување на институциите, еластичноста итн.

Понатаму, тој изјави дека ни требаат добри приказни од регионот, а приказните можат да дојдат само ако луѓето се убедени дека преку соработката и работејќи на заеднички конкретни проекти можеме да бидеме поатрактивни за инвеститорите. Таа политичка соработка значи луѓето да работат заедно и да имаат почит еден кон друг, без разлика што се случило во минатото. Иако е тешко, сепак, политиката треба да гледа напред, да се издигне над минатото, бидејќи соработката е win-win за сите.

Г-дин Пшелец нагласува дека регионот напредуваше и постигна голем успех, но мора да продолжиме да работиме на овој начин, бидејќи ова е единствениот пат кон побезбедна, стабилна и просперитетна иднина за Балканот.

Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO