На 15 декември 2017 година, Балканскиот форум во соработка со професорот Томи Треска од Албанија, го започна својот регионален брифинг за образованието на тркалезната маса во Тирана, на тема "Предизвиците во образовниот систем и можностите за регионална соработка".
Наодите и препораките презентирани од професорот Треска отворија дискусии со претставници од парламентот, Министерството за економија, медиумите, разни експерти, универзитетски професори, директори на училиштата и донатори од Албанија. Учесниците на овој настан изразија интерес и посветеност да се поттикне регионалната соработка и партнерството во образованието.
Тие обезбедија бројни примери за иницијативи, идеи и препораки кои би можеле да придонесат за унапредување на заедничката регионална агенда за образованието, преку развивање на регионален формат за известување, како и воспоставување стандарди за регионалното образование и сигурни системи за оценување на напредокот. Исто така и за воспоставување на политики и механизми кои ќе го промовираат и гарантираат квалитетот на образованието.