На 14 декември 2017 година во Скопје, Македонија, Балканскиот форум во партнерство со ,,Балканија” од Скопје, го започна својот регионален брифинг за туризмот на тркалезна маса на тема "Унапредување на регионалната соработка во туризмот".
,,Балканија” ги претстави наодите и препораките кои ги поттикнаа кон дискусии учесниците претставниците од Министерството за туризам, Министерството за економија, приватниот / бизнис секторот, граѓанското општество, академската фела, студентите и медиумите од Македонија.
Дискусиите, идеите и препораките на оваа тркалезна маса покажаа мултисекторска потврда за потребата од интегрирана регионална соработка, и консензуално препознавање на можностите и придобивките кои можат да произлезат од него. Мнозинството учесници изразија поддршка за иницијативите чија цел е понатамошно унапредување на регионалните истражувања, дијалогот и соработката во областа на туризмот.