"Ние ги менуваме работите преку меѓусебни посети на Косово и Србија, и со меѓусебно запознавање"
Томислав Перушиќ е студент од Србија, кој го изучува албанскиот јазик на Универзитетот во Белград. Во ова интервју за Тhe Balkan Forum, тој зборува за неговите чести посети на Косово и неговата страст за учење на албански јазик, важноста за живеење со други заедници и учество во различни културни и други позитивни иницијативи организирани во регионот.
Томислав укажува дека треба да помислиме на она што се случило во минатото, и да немаме предрасуди кон другите луѓе. Покрај тоа, тој зборува за бариерите во образовните политики во Косово и во Србија кои не му овозможуваат да го заврши магистерските студии во Приштина следната година, бидејќи Србија не издава документи за Косово.
Затоа, според него, единствен начин да се надминат таквите препреки и да се направи промена е да организираат посети меѓу Косово и Србија, така што луѓето ќе патуваат и ќе се запознаат едни со други и ќе учат за јазикот, културата, музиката, уметноста, итн.
Interview with Tomislav Perušić