Потребни ни се позитивни емоции за преобразување на духовната енергија на целиот регион "

Селмо Чикотиќ работи како советник на Претседателството на Босна и Херцеговина. Покрај тоа, тој служеше како министер за одбрана на земјата во текот на годините (2004-2007). Во ова интервју, г-дин Чикотиќ зборува за важноста на користењето на нашата различност во регионот како предност за соработка за посветла иднина на регионот, бидејќи на крајот сите споделуваме слични вредности и минато.

Всушност, г-дин Чикотиќ ја нагласува важноста на медиумите како моќна алатка за да помогне кон сменување на дискурсот на портретот на Балканскиот регион. Тој наведува дека медиумите во целина повеќе се фокусираат на делење на негативните аспекти на регионот, наместо позитивни. Постојат голем број на преземени иницијативи кои биле успешни но за кои медиумите не обрнуваат внимание.

Покрај тоа, г-дин Чикотиќ нагласува дека Балканскиот регион треба да има лидерство на сите нивоа, што едноставно ќе ја следи логиката дека инклузијата е подобра од екслузијата; интеграцијата подобра од фрагментацијата; соработка подобра од конфронтација. Мракот нема да биде поразен од мрак, а омразата нема да биде поразена со омраза. Затоа, треба да имаме лесен и позитивен став за да го преобликуваме духот на регионот за да соработуваме едни со други за подобра иднина.

Г-дин Чикотиќ искрено верува во капацитетот на регионот дека функционира подобро отколку порано во сите области. На пример, во економијата, тој вели дека нашите влади треба да имаат иста размена во областа на економијата. Треба да се ослободиме од бариерите кои сега постојат за соработка. Но, истото важи и за други области на соработка.

Г-дин Чикотиќ се надева дека со текот на времето ќе преовладее мудроста и регионот ќе усвои цврст пристап за да обезбеди позитивна соработка меѓусебно за подобра иднина за сите.

Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO