Младите лидери од Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Србија зборуваат за вредности, медиуми и волонтерство

Во организација на ,,Alfa center” и ,,The Balkan forum”, млади лидери од Р. Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Србија разговараа за:

ОСНОВНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ  НА СИСТЕМОТ СЕ ВОДЕНИ ОД?

Младите лидери од Балканот ставаат акцент на семејството и традицијата, солидарноста и чувството за припадност кон заедницата на европските граѓани. Патувањето и слободното движење во Европската Унија е меѓу главните фактори за нашите општества да го променат менталитетот и начинот на размислување. Тие исто така зборуваат за вредностите и кај младите и кај постарите генерации во нашите општества, и посочуваат на заедништво и разлики.  Тврдат дека помладата генерација е полиберална и поподвижна, но можеби затоа што е помалку загрижена за тоа што се случува во општеството и од тоа произлегува нивната досегашна слаба вклученост во изборните процеси, која пополека се зголемува. За постарата генерација се вели дека е либерална и пооптимистичка, и дека очекува институциите да дадат решение на проблемите. Додека, помладата генерација размислува повеќе кон индивидуален пристап во поглед на решавање на проблемите. Сепак, градењето на довербата со родителите и заедничката работа на различните генерации е клучно за промени во нашето општество.

Погледнете го подолу официјалниот трејлер од 50 секунди на ВРЕДНОСТИ, а на крајот на оваа страница е целата дискусија за ВРЕДНОСТИ, МЕДИУМИ И ВОЛОНТЕРСТВО.

МЕДИУМСКА НЕЗАВИСНОСТ, ВЛИЈАНИЕ И ОБЈЕКТИВНОСТ

На прашањето дали медиумите се сметаат за независни или под нечие влијание, дали домашно или странско, учесниците во оваа дебата тврдат дека тоа се разликува од земја до земја. Во некои земји, медиумите се независни или во голема мерка независни, а во некои земји се помалку независни. Заедничко за повеќето земји е тоа што владејачките политички партии и влади (иако зависи од партија до партија и од влада до влада) користат или се обидуваат да ги искористат националните ТВ медиуми за својата пропаганда, и дека медиумите се сметаат дека се или за или против одредената политичка партија, без разлика дали е во опозиција или е провладина. Тие исто така се согласуваат дека сите медиуми треба да бидат независни и дека младите луѓе , но и сите во целина треба да играат улога за да ја постигнат независноста.

Се зборува за тоа колку независните медиуми (и новинарите) зависат во нивното финансирање, така што не можат да обезбедат нивен напредок без она што го добиваат од читателите и гледачите. Значи, тие се потпираат на спонзори кои можат да бидат  деловни актери поврзани со политичари и политички партии кои имаат своја агенда. Тие може да бидат цензурирани, но и да заземаат страна. Учесниците исто така тврдат дека дел од нив не се објективни, се популистички настроени и создаваат содржина што предизвикува и создава тензии. Се зборува дека за некои од нив не е во интерест да пренесуваат добри и позитивни вести. Но, постојат алтернативи како некои мали но добри локални медиуми кои ставаат помалку содржини за обичните луѓе на нивниот јавен простор, но сепак и тие зависат од финансирањето. Големите, повеќе воспоставените медиуми кои можат да бидат финансирани од владата, добро знаат   содржините да ги прикажат на едноставен начин што е повеќе разбирлив за обичната популација, додека алтернативните медиуми на некој начин се измачуваат да го сторат тоа. Сите учесници се согласуваат дека најголема загриженост се лажните вести и дезинформациите.

МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Во однос на прашањето за медиумската писменост, учесниците веруваат дека таа е ниска во нашите општества, и дека луѓето треба да научат да истражуваат и да ги идентификуваат лажните вести. Според тоа, треба да создадат свое мислење, а не секогаш да веруваат во она што го произведуваат медиумите, дури и медиумите за кои сметаат дека се добри. Образованието и поттикнувањето на критичко размислување кај младите луѓе се вели дека е исклучително важно, тие учат да се сомневаат во тоа што медиумите го сервираат и да не очекуваат дека секогаш ќе ја чујат вистината. Тие луѓе треба да ја зголемат солидарноста помалите и локални алтернативни медиуми, како финансиски така и со нивни приказни и содржини. Учесниците сугерираат дека практичен и лесен начин за да се идентификуваат лажни вести и дезинформации, е да разгледате повеќе медиуми (3 - 5, ако е можно на различни јазици и од различни земји), за да можете да споредите што пренесуваат различните медиуми на исти теми. Пред да ги земете информациите како дадени, секогаш е добро минимално да проверите 2 - 3 извори и што велат тие за истата работа. Друг практичен чекор за да се провери колку е веродостоен написот на медиумот е да се провери дали името на авторот се споменува во статијата или веста, и дали на веб-страниците на медиумите може да најдете адреса, детали за контакт и кој ги поседува нив, бидејќи повеќето мрежни медиуми или веб портали ги немаат овие информации.

Погледнете го подолу официјалниот трејлер, на 54та секунда на МЕДИУМИ, и на крајот на оваа страница целата дискусија за ВРЕДНОСТИ, МЕДИУМИ И ВОЛОНТЕРСТВО.

ВАЖНОСТА НА ВОЛОНТЕРСТВОТО И КОЛКУ Е ТОА РАЗВИЕНО ВО НИВНИТЕ ЗЕМЈИ?

Се зборуваше за тоа дека луѓето на Балканот имаат култура на помагање и солидарност, и дека волонтирањето носи многу придобивки што го менуваат животот на една личност. Тоа помага да ги разберете подобро заедниците и општествата, бидејќи кога помагате за возврат нешто добивате, а со тоа некого поддржувате но и учите истовремено. Исто така, волонтирањето е мотивација бидејќи прави да се чувствувате добро при помагањето и промената на животот на некој друг (во позитивна смисла). На пример, да им помогнете на децата во некои заедници да одат на училиште, а ако не сте таму можеби тие нема да одат на училиште. Исто така, беше истакнато дека младите и невладините организации треба да им помогнат на постарите луѓе кои немаат членови на семејството за нивна грижа, а исто така и во заштитата на животните.


Погледнете го подолу официјалниот трејлер, на 28та секунда за ВОЛОНТЕРСТВО, и на крајот на оваа страница целата дискусија за ВРЕДНОСТИ, МЕДИУМИ И ВОЛОНТЕРСТВО.

Погледнете ја подолу целата дискусија за ВРЕДНОСТИ, МЕДИУМИ И ВОЛОНТЕРСТВО.





Донатори

The Balkan Forum is supported by RYCO. The content of this website is the sole responsibility of The Balkan Forum and does not necessarily present the views of RYCO